Други прописи и колективни договори
-
У.бр.120/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценка на законитоста на член 6, член 8 и член 9 од Колективниот договор на Агенцијата за пошти склучен помеѓу Агенцијата за пошти и Синдикалната организација при Агенцијата за пошти
-
У.бр.67/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените судски одлуки: Решение на Апелациониот суд Скопје, Пресуда на Основниот суд Кавадарци, Пресуда на Апелациониот суд Скопје и Решение на Врховен суд на Република Македонија
-
У.бр.80/2021
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Центар-Скопје за донесување Детален урбанистички план Градска четврт J 07 локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара
-
У.бр.190/2020
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 17 став 2 од Етичкиот кодекс за вработените во Министерството за надворешни работи и други лица што вршат работи во и за Министерството за надворешни работи
-
У.бр.77/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи
-
У.бр.76/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на стапката на данок на имот број 07-3165/26 од 29.12.2008 година, донесена од Советот на Општина Охрид
-
У.бр.61/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Решението на Комисијата за денационализација со седиште во Скопје
-
У.бр.62/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за Детален урбанистички план за станбена заедница број 4 и 2 Реонски Центар Запад, Блок 1 – Општина Битола
-
У.бр.25/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат
-
У.бр.34/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на законитоста на: Одлуката на Советот на Општина Неготино за давање на согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие Неготино, и Заклучокот на градоначалникот на Општина Неготино за објавување на Одлуката
-
У.бр.125/2021
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на точка 5 од Упатството за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
-
У.бр.132/2021
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Тарифниот број 6 од Правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП – Скопје