Admin
-
Дневен ред за 44. седница закажана за 14 декември 2023 година во 10:30 часот
Уставниот суд ќе ја одржи 44. седница на 14 декември (четврток) 2023 година во 10:30часот со дневен ред за кој е предвидено да се дискутира по осум точки на дневен ред. 1.Реферат У.бр.71/2023, 72/2023, 113/2023 Оспорен: Член 11 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и другите…
-
Претседателката Кацарска оствари работна средба со австрискиот амбасадор Памер и специјалистот за судски реформи и владеење на правото, Георг Става
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со претставници од австриската амбасада предводена од Н.Е. амбасадорот Мартин Памер и Георг Става, специјалист за судски реформи и владеење на правото во ЈИЕ при австриската амбасада во Белград. На средбата се разговараше за состојбата со владеењето на правото и политиката на имплементирање на законите во…
-
Соопштение по одржаната 43. седница на Уставниот суд
По одржаната 43. седница на Уставниот суд на која беа разгледани седум иницијативи за оценување на уставност, Судот одлучи: 1.Реферат У.бр.66/2023 Сe отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 102/2019). Подносител: Врховен…
-
The president of the Constitutional Court, Dobrila Kacarska held a working meeting with the ambassador of the OSCE mission to Skopje, Kilian Wahl
Dobrila Kacarska, President of the Constitutional Court, met with Ambassador Kilian Wahl, head of the OSCE mission to Skopje. During the conversation, the state of the Constitutional Court has been considered from the perspectives of its operational and available resources, the necessity of achieving financial independence, and the absence of two other judges. During the…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска оствари работна средба со амбасадорот Килијан Вaл, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје. На состанокот се разговараше за состојбата во Уставниот суд од аспект на недостатокот на уште двајца судии, ресурсите со кои работи и располага Судот и важноста за остварување негова финансиска самостојност. На средбата стана збор…
-
Уставниот суд поведе постапка за член 66 став 3 и 4 од Законот за буџети
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и став 4 од Законот за буџети. Ова значи дека во оваа фаза Судот изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии и…
-
У.бр.103/2023
СЕ УКИНУВА Решението бр.13.1.1-38779/1 од 7 април 2023 година за изменување и дополнување на Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, донесено од министерот за внатрешни работи
-
У.бр.100/2023
СЕ УКИНУВА Правилникот за висината на трошоците во постапката за издавање на дозвола за користење простор, дозвола за ограничено користење на ГМО класа 2 или дозвола за ограничено користење на ГМО класа 3 и/или класа 4
-
У.бр.81/2023
СЕ УКИНУВА член 41-а став 1 во делот „јавно“ и став 3 во делот „јавното“ од Законот за средното образование
-
У.бр.127/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 30 став 1 втора реченица од Правилникот за работа во странство, донесена од Управниот одбор на ГД „Гранит“ АД Скопје и точка 4 став 1 од Одлуката за организирање работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска, донесена од…
-
У.бр.146/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување
-
У.бр.149/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун