У.бр.23/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.23/2024
Скопје, 09.04.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кривогаштани, објавен во „Службен гласник на Општина Кривогаштани“ број 17/2011.

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кривогаштани, објавен во „Службен гласник на Општина Кривогаштани“ број 17/2011.

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година, Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Деловникот на Советот на Општина Кривогаштани, означена во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според член 18 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општината, член на Советот, меѓу другото, има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање автентично толкување на прописите.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Според уставната одредба пропишана во член 68 став 1 алинеја 2, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.

Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи.

Според член 62 став 1 од погоре наведениот закон, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Уставниот суд, согласно со член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, односно само Собранието има уставно овластување за донесување на закони и нивно автентично толкување, во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.

Во конкретниот случај, се утврди дека Советот на Општина Кривогаштани, врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/2002) и член 17 став 1 точка 2 од Статутот на Општина Кривогаштани („Службен гласник на Општина Кривогаштани” број 3/2011), на седница одржана на 26.12.2011 година, донел Деловник на Советот на Општина Кривогаштани со број 07-921/6, според кој, член на Советот има право на седниците на Советот да поднесе барање за давање на автентично толкување на прописите.

Правото, коешто Советот на Општина Кривогаштани го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, не содржи одредби од кои произлегува надлежност за совет на општина да може да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут) да уредат одредби за давање автентично толкување на општи акти, па оттука, Советот на Општина Кривогаштани излегол надвор од своите законски надлежности уредувајќи во Деловникот на Советот на Општината, право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање на автентично толкување на прописите.

Институтот автентично толкување, мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го употребуваат, а како што тоа е уредено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, при што, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 91/2008, 119/2010, 23/2013 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 152/2019). Во конкретниот случај, законска основа за овој институт нема за органите на локалната власт, па оттука, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.

Имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот според кои во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Во конкретниот случај со основ се поставува прашањето за согласноста на оспорената одредба од Деловникот на Советот на Општина Кривогаштани со Законот за локалната самоуправа, односно, со основ се поставува прашањето и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, цениме дека се исполнети условите Судот да ја запре примената на спорната одредба од Деловникот на Општината, како и да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорениот акт, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Решението во точката 2 од диспозитивот произведува правно дејство од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд нa Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.23/2024
Shkup, 09.04.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 18 alineja 3 të Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Krivogashtanit, të publikuar në (“Gazetën Zyrtare të Komunës së Krivogashtanit” nr.17/2011).

2. NDËRPRITET realizimi i akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të nenit 18 paragrafi 3 të Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Krivogashtanit, të publikuar në (“Gazetën Zyrtare të Komunës së Krivogashtanit” nr.17/2011).

3. Ky aktvendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në përputhje me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me iniciativë të saj formimin e lëndës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së Rregullores së Këshillit të Komunës së Krivogashtanit, e përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 18 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës, anëtari i Këshillit, ndër të tjera, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i obliguar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Sipas dispozitës kushtetuese të paraparë në nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka kompetencë kushtetuese për të miratuar ligje dhe për të dhënë interpretim autentik të ligjeve.

Neni 110 paragrafi 2 i Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Neni 36 i Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e RM-së” numër 5/2002) rregullon kompetencat e Këshillit, dhe sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, Këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera.

Sipas nenit 62 paragrafi 1 të ligjit të lartpërmendur, këshilli në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj.

Neni 43 i Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale rregullon të drejtat dhe detyrimet e anëtarëve të këshillit, dhe në këtë kuptim, sipas paragrafit 2 të këtij neni, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjet e këshillit, dhe sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen, anëtarët e këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregullore të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Rrjedhimisht, statuti dhe rregulloret e tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrimeve të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 27 paragrafi 1 të Rregullores, gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligji, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, i cili vlerëson kushtetutshmërinë, pra ligjshmërinë e tij, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Duke u nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera janë në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, përkatësisht vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre, në funksion të sigurimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe personave të tjerë juridikë.

Në rastin konkret është konstatuar se Këshilli i Komunës së Krivogashtanit në bazë të nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e RM-së” nr. 5/2002) dhe nenit 17 paragrafi 1 pika 2 të Statutit të Komunës së Krivogashtanit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Krivogashtanit” numër 3/2011), në seancën e mbajtur më 26.12.2011, miratoi Rregulloren e Këshillit të Komunës së Krivogashtanit me numër 07-921/6, sipas të cilës anëtari i Këshillit ka të drejtë në mbledhjen e Këshillit të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave.

E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Krivogastanit ua parashtroi anëtarëve të Këshillit në Rregulloren e punës, lidhet me institutin “interpretim autentik i rregullave”. Megjithatë, Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk përmban dispozitë nga e cila del kompetenca për këshillin e një komune që të mund të japë një interpretim autentik të rregullave që i miraton dhe as ligji nuk u jep komunave autorizimin që të mund të rregullojnë dispozita në rregullat e tyre (rregulloret ose statutet) për dhënien e interpretimit autentik të akteve të përgjithshme, andaj Këshilli i Komunës së Krivogashtanit doli jashtë kompetencave të tij ligjore duke rregulluar në Rregulloren e Këshillit të Komunës, të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për dhënien e interpretimit autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit.

Instituti, interpretimi autentik, duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal të mund ta përdorin atë, dhe siç është rregulluar për ligjvënësit si organ i pushtetit lokal dhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilën Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, me çka procedura për interpretim autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 152/2019). Në rastin konkret, ky institut nuk ka bazë ligjore për organet e pushtetit lokal, prandaj nuk është e mundur të rregullohet ky institut dhe procedura për të në rregullore apo statut.

Duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës sipas të cilave në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në pajtim me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj, dhe secili është i obliguar t’i respektojë Kushtetutën dhe ligjet. Në rastin konkret shtrohet çështja e pajtimit të dispozitës së kontestuar nga Rregullorja Këshillit të Komunës së Krivogashtanit me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, përkatësisht çështja e pajtimit të saj me vlerën themelore të rendit kushtetutës – parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregulla juridikisht të harmonizuara me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme, dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, vlerësojmë se janë plotësuar kushtet që Gjykata ta ndërpresë zbatimin e dispozitës së kontestuar nga Rregulloreja e Komunës, si dhe të ndalojë realizimin e akteve apo veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të aktit kontestues, deri në marrjen e vendimit përfundimtar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vendosi si dispozitivin e këtij aktvendimi.

V

Aktvendimi në pikën 2 të dispozitivit prodhon veprim juridik nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska