У.бр.34/2024


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.34/2024
Скопје, 09.04.2024 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски, д-р Ана Павловска-Данева и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 9 април 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.5/2006).

2. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“бр.5/2006).

3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работниот состанок одржан на ден 25 декември 2023 година Уставниот суд, согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Судот, одлучи по сопствена иницијатива да оформи предмет за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од актот означен во точката 1 од ова решение.

II

На седницата Судот утврди дека според член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани „Членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите”.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Со член 51 од Уставот, е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно со член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување на уставноста на закон, односно уставноста и законитоста на пропис или друг општ акт.

Според член 27 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може во текот на постапката, до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чијашто уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) се уредени надлежностите на Советот, а според став 1 точка 1 на наведениот член, Советот е надлежен да донесува статут на општината и други прописи. Според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон.

Со член 43 од Законот за локалната самоуправа се уредени правата и должностите на членовите на советот, а во таа смисла според став 2 на наведениот член, членовите на советот имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот, а според став 5 од истиот член, членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други прописи, во согласност со овој закон.

Според тоа, со статут и други прописи може да се утврдат и други права и должности за членовите на советот, меѓутоа, како што произлегува од член 43 став 5 од Законот, уредувањето на други права и должности, треба да биде во согласност со Законот за локалната самоуправа.

Во конкретниот случај, Судот утврди дека Советот на Општина Кочани во свој пропис – Деловникот за работата на Советот на Општина Кочани од 09.06.2006 (Службен гласник на Општина Кочани бр. 5/2006) во глава III „Права и должности на членовите на Советот“ содржи дел со наслов 3.„Покренување иницијативи и поднесување предлози” во кој е содржан член 15 став 1 алинеја 3 каде се уредува дека членот на Советот има право на седниците на Советот да поднесува барање за давање на автентично толкување на прописите. Судот при одлучувањето ги имаше во предвид измените и дополнувањата на Деловникот на Советот на Општина Кочани од 20.02.2012 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.2/2012) каде меѓудругото се брише членот 5 и измените и дополнувањата на Деловникот на Советот на Општина Кочани од 30.04.2015 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.4/2015) и го утврди следното: со бришењето на член 5 кој му претходи нумерички на членот 15 од Деловникот всушност истиот требало да добие нумерички број 14, но соодветно нумеричко усогласување на членовите во Деловникот не е направено од страна на Општината. Имајќи ја предвид надлежноста на Уставниот суд, од член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот произлегува дека исправањето на технички пропусти не спаѓа во надлежност на Судот, туку во надлежност на доносителот на актот, Судот ја анализираше одредбата како што е нумерирана во основниот текст на Деловникот за работата на Советот на Општина Кочани од 09.06.2006 (Службен гласник на Општина Кочани бр. 5/2006) во која содржински е определено правото на членовите на Советот на седниците на Советот да поднесуваат барања за давање на автентично толкување на прописите.

Правото коешто Советот на Општина Кочани, го пропишал за членовите на Советот во Деловникот, е поврзано со институтот „автентично толкување на прописите”. Меѓутоа, Законот за локалната самоуправа, со ниту една одредба не предвидува надлежност на совет на општина да дава автентично толкување на прописите коишто ги донесува, ниту Законот дава овластување на општините да можат, во своите прописи (деловник или статут), да уредат одредби за автентично толкување на општи акти.

Органите на локалната власт можат да го употребуваат институтот автентично толкување, само ако истото е предвидено во закон, како што тоа е предвидено за законодавецот како орган на државната власт и тоа изречно во Уставот со член 68 став 1 алинеја 2, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, додека, постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 91/2008, 119/2010 и 23/2013 и „Службен весник на Република Македонија” бр. 152/2019).

Меѓутоа, за органите на локалната власт, со закон не е предвиден институтот автентично толкување на општите акти коишто ги донесуваат, така што не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот. Оттука, член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани, со кое се утврдува право на членовите на Советот на Општината да можат на седниците на Советот да поднесат барање за давање автентично толкување на прописите, е пропишан без законски основ, со што Советот на Општина Кочани излегол надвор од своите надлежности утврдени во Законот за локалната самоуправа.

Имајќи го предвид погоре наведеното, како и имајќи ги предвид одредбите од член 51 од Уставот, според кој во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, Судот со основ изрази сомнеж за согласноста на член 15 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Кочани со Законот за локалната самоуправа, вклучително и за неговата согласност со темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

Поради можноста од настанување штетни последици, а согласно со член 27 од Деловникот на Уставниот суд, Судот одлучи да го запре извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби од Деловникот на Советот на Општина Кочани, до донесувањето на конечната одлука.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

V

Оваа решение произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.34/2024
Shkup, 09.04.2024

 

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq– Anastasovska, Eliazabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski, dr. Ana Pavllovska-Daneva dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1, nenit 27 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 9 prill 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. INICIHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit („Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit“ nr.5/2006).

2. NDËRPRITET realizimi e akteve individuale dhe veprimet e ndërmarra në bazë të nenit 15 paragrafi 1 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit („Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit“ nr.5/2006).

3. Ky aktvendim do të botohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës të mbajtur më 25 dhjetor 2023, Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, vendosi me vetëiniciativë që të formojë lëndë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së aktit të shënuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.

II

Gjykata në seancë konstatoi se sipas nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit „Aanëtari i Këshillit, ka të drejtë të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjen e Këshillit”.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alieja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë është sundimi i së drejtës.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Në përputhje me nenin 110 alineja 2 të Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Me nenin 27 paragrafin 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të ligjit, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse me realizimin e tij mund të shkaktohen pasoja të vështira për t’u hequr.

Me nenin 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) janë rregulluar kompetencat e këshillit, ndërsa sipas paragrafit 1 pika 1 të nenit në fjalë, këshilli është kompetent të miratojë statutin e komunës dhe rregullat tjera. Sipas nenit 62 paragrafi 1 të Lligjit, Këshilli në kryerjen e detyrave të kompetencës së tij miraton rregulla, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregulloret e tjera të përcaktuara me ligj.

Me nenin 43 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të këshillit janë të përcaktuara, sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, anëtarët kanë të drejtë të japin iniciativa dhe propozime dhe t’i bëjnë pyetje kryetarit të komunës në mbledhjet e Këshillit, dhe sipas paragrafit 5, anëtarët e Këshillit kanë të drejta dhe detyra të tjera të përcaktuara me statut dhe rregulla të tjera, në pajtim me këtë ligj.

Rrjedhimisht, statuti dhe rregulloret e tjera mund të përcaktojnë të drejta dhe detyra të tjera për anëtarët e këshillit, mirëpo, siç del nga neni 43 paragrafi 5 i Ligjit, rregullimi i të drejtave dhe detyrave të tjera duhet të jetë në përputhje me Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Në rastin konkret, Gjykata konstatoi se Këshilli i Komunës së Koçanit në rregullin e tij – Rregulloren e punës së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 09.06.2006 (Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit nr. 5/2006) në kreun III “Të drejtat dhe detyrat e anëtarëve të Këshillit” përmban një pjesë të titulluar 3. “Inicimi i iniciativave dhe paraqitja e propozimeve” ku përfshihet nenin 15 paragrafi 1 alineja 3, ku rregullohet që anëtari i Këshillit ka të drejtë për të paraqitur kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit. Gjykata me rastin e vendosjes ka marrë parasysh ndryshimet dhe plotësimet në Rregulloren e Punës së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 20.02.2012 (Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit nr. 2/2012) ku ndër të tjera shlyhet neni 5 dhe ndryshimet dhe plotësimet në Rregulloren e Këshillit të Komunës së Koçanit nga 30.04.2015 (Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit nr. 4/2015) dhe konstatohet si në vijim: duke shlyer nenin 5 i cili numerikisht i paraprin nenit 15 të Rregullores, në fakt është dashur të marrë numrin numerik 14, por një radhitje numerike e duhur e neneve në Rregullore nuk është bërë nga Komuna. Duke marrë parasysh kompetencën e Gjykatës Kushtetuese, nga neni 110, alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës, rezulton se korrigjimi i gabimeve teknike nuk është në kompetencën e Gjykatës, por në kompetencën e miratuesit të aktit, Gjykata ka analizuar dispozitën e numëruar në tekstin bazë të Rregullores së punës së Këshillit të Komunës së Koçanit të datës 09.06.2006 (Gazeta Zyrtare e Komunës së Koçanit nr. 5/2006) në të cilën është përcaktuar e drejta e anëtarëve të Këshillit të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullores në mbledhjen e Këshillit.

E drejta, të cilën Këshilli i Komunës së Koçanit, ua ka caktuar anëtarëve të Këshillit në Rregulloren e Punës, lidhet me institutin “interpretim autentik të rregullores”. Megjithatë, Ligji për vetëqeverisjen lokale nuk parasheh me asnjë dispozitë kompetencë të këshillit të komunës për të dhënë interpretim autentik të rregullave që i miraton, dhe as Ligji nuk u jep komunave autorizim që të jenë në gjendje në rregullat e tyre (rregullore ose statutet), të rregullojnë dispozita për interpretimin autentik të akteve të përgjithshme.

Organet e pushtetit lokal mund të përdorin institutin e interpretimit autentik, vetëm nëse e njëjta parashikohet në ligj, siç parashikohet për ligjvënësin si organ i pushtetit lokal edhe atë shprehimisht në Kushtetutë me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2, në pajtim me të cilën Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, ndërsa procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 91/2008, 119/2010, 23/2013 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër. 152/2019).

Megjithatë, për organet e pushtetit lokal, me ligj nuk ësht parashikuar institucioni interpretimi autentik i akteve të përgjithshme që ato miratojnë, në mënyrë që ky institucion dhe procedura e tij nuk mund të rregullohen fillimisht në rregullore apo statut. Prandaj, neni 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit, i cili përcakton të drejtën e anëtarëve të Këshillit të Komunës që të mund të paraqesin kërkesë për interpretim autentik të rregullave në mbledhjet e Këshillit, është paraparë pa bazë ligjore, me çka Këshilli i Komunës së Koçanit ka dalë jashtë kompetencave të përcaktuara në Ligjin për vetëqeverisje lokale.

Duke pasur parasysh sa më sipër, si dhe duke pasur parasysh dispozitat e nenit 51 të Kushtetutës, sipas të cilit në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligj dhe të gjithë janë të obliguar t’i respektojnë Kushtetutën dhe ligjet, Gjykata ka shprehur dyshime për pajtueshmërinë e nenit 15 alineja 3 të Rregullores së Këshillit të Komunës së Koçanit me Ligjin për vetëqeverisjen lokale, duke përfshirë pajtueshmërinë e tijë me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregullime juridikisht të pajtueshme me Kushtetutën dhe ligjet.

Për shkak të mundësisë së pasojave të dëmshme në përputhje me nenin 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, Gjykata vendosi ta ndërpresë zbatimin e akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të dispozitës kontestuese të Rregullores së Komunës së Koçanit, deri në marrjen e aktvendimit përfundimtar.

IV

Nisur nga sa më sipër, Gjykata, vendosi si dispozitiv të këtij aktvendimi.

V

Ky aktvendim ka fuqi juridike nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut“.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska