Граѓани

Април 2026 • 16

Архива

Изберете година и месец

БЗСП бр.17/2025
29/04/2026
СЕ УВАЖУВА барањето на Југослав Миленковиќ од Скопје, застапуван од Жаклина Караниколова Пинзовска, адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓанинот по основ на социјална припадност и СЕ УТВРДУВА повреда на правото на забрана на…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се утврдува
БЗСП.бр.1/2026
29/04/2026
СЕ УТВРДУВА повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на Давид Илиески од Скопје и СЕ ЗАДОЛЖУВА Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје да ги достави бараните информации на барателот Давид Илиески согласно со барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03-2916/1 од 10.10.2025 година, во рок од 8 (осум) дена од објавувањето…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се утврдува
У.бр.145/2024
22/04/2026
СЕ УКИНУВА делот „како извршна исправа,“ од точка 2 став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување (образец бр.21) од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија.
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува
У.бр.107/2025
22/04/2026
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 64 став 7, член 96 став 2 алинеја 1 и член 97 став 1 од Законот за вработените во Министерството за одбрана и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 120 став 1 од Законот означен во точката 1 од диспозитивот на ова решение.
Граѓани, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла