-
– Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд? – Кои се имињата/презимињата, политичките партии и граѓанските иницијативи што го оспорија овој закон пред Уставниот суд? – Дали уставните судии го чувствуваат притисокот од јавноста и дали тоа ќе влијае на конечната одлука? – Која е причината што овој предмет беше задржан во фиока толку години и зошто токму сега се разгледува?
-
Подносителот побара да му се достави електронски запис од Одлуката У.бр.80/2023 од 27 март 2024 година, донесена од Уставниот суд.
-
Дали Судот ја оценувал уставноста и законитоста на Листата на стоматолошки услуги со минимални (референтни) цени, донесена на 24 април 2024 година, од страна на Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија?
-
Да се достави препис од Решението У.бр.72/2022 од 23 ноември 2022 година, донесено од Уставниот суд.
-
Да се достави фотокопија од Решението У.бр.55/2022 од 18 јануари 2023 година, донесено од Уставниот суд.
-
Дали до Судот е поднесена иницијатива за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 04, донесена од Советот на Град Скопје?
-
1. Дали до Судот, во текот на 2022 и 2023 година, се поднесени иницијативи за оценка на уставноста на член 66 став 3 од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/2022)? 2. Доколку се поднесени иницијативи, дали е постапено по истите.
-
Скениран препис или електронски запис од Решението У.бр.141/97 и У.бр.146/97 од 27.05.1998 година, донесено од страна на Уставниот суд.
-
Дали до Судот е поднесена иницијатива за оценување на законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје („Службен гласник на Град Скопје“ бр.11/2021 од 24.08.2021 година)?
-
Информација за текот на постапката за предмет по поднесена иницијатива со која се бара поведување постапка за оценување на уставноста на член 5 во целина, како и посебно ставовите 1 и 2 од истиот член од Законот за изменување и дополнување на Законот за ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.91/2023).