-
Подносителот побара да му се достави фотокопија од иницијативата по предметот УЗ.бр.44/2025 каде е оспорен актот Протокол од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија.
-
Подносителот побара да му се достави -Копија од Одлука У.бр.30/2015 и други одлуки донесени од Уставниот суд на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на престанок на адвокатската функција со исполнети услови за старосна пензија на адвокатите.
-
Подносителот од имателот на информации побара податок за архивскиот број под кој е заведена иницијативата, поднесена од негова страна на 8 мај 2023 година, со која се оспорува уставноста на член 5 во целина, како и посебно ставовите 1 и 2 од истиот член од Законот за изменување и дополнување на Законот за ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.91/2023).
-
Подносителот побара да му се достави информации за Одлуката (и број на Одлуката) по Решение У.бр.5/2024 од 10-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија одржана на ден 20.05.2025 година и дали истата е објавена во Службен весник на Република Северна Македонија.
-
-Колку иницијативи имаат доставено до Уставниот суд и колку од нив е постапувано за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Урбанистичкиот план за село Николич со разработка на блоковите 1, 2, 3, 4, 5 и 6 К.О. Николиќ, Општина Дојран („Службен гласник на Општина Дојран “ бр. 7/2021).
-
Да им се достават фотокопии од патни налози за патувања со службените возила на Уставниот суд на Република Северна Македонија, за период од 1.1.2022 година до 31.12.2024 година.
-
-Дали досега е поведена иницијатива за преиспитување на уставноста на член 45 став 4 од Законот за надворешни работи, во смисла на донесеното автентично толкување од Собранието на Република Северна Македонија, објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/2024 од 25.12.2024 година, заведено под број 08-6344/1.
-
Дали досега е поведена иницијатива за преиспитување на уставноста на член 39 став 3 од Законот за надворешни работи, во смисла на донесеното автентично толкување од Собранието на Република Северна Македонија, објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.267/2024 од 25.12.2024 година, заведено под број 08-6342/1.
-
Дали печатот на Уставниот суд на Република Северна Македонија на актите (покани, дописи,барања и друго), кои Судот ги упатува надвор од Републиката (Уставни судови на други држави,Венецијанската комисија,разни меѓународни организации) е двојазичен или само на македонски јазик?
-
Дали по барањето за извршување на судка одлука од 05.09.2024 година, Уставниот суд на Р.С.Македонија писмено побарал од Министерството за транспорт и врски да го обезбеди извршувањето на судската одлука У.бр.136/2022 од 20.12.2023 година и ако има барам информацијата да ми биде доставена во фотокопија.