-
Од спроведената јавна набавка по Оглас бр.16896/2021, да се достават податоци за: техничката спецификација на хартијата за печатење, цената платена за еден топ хартија, количината на набавена хартија за печатење како и вредноста на договорот.
-
1. Да се достават податоци за вкупниот број на издвоени мислења, поединечно по години, за период од 1991 година, заклучно со датумот на одговор на барањето. 2. Во колку од нив, судија кој иако не гласал против одредено решение или одлука, сепак по предметот издвоил свое мислење во кое наведува различен став, односно образложение од она што е наведено во решението или одлуката, а колку од издвоените мислења содржат ставови на судија спротивни на одлуката или решението.
-
1. Кој бил поканет да учествува на подготвителната седница по предметите У.бр.8/2019 и други, и У.бр.15/2019 и други? 2. Кои од поканетите присуствувале, а кои не присуствувале на подготвителната седница? 3. Дали Уставниот суд во наредниот период повторно ќе одржи нова подготвителна седница по истите предмети со повеќе учесници од претходно?
-
Комплетна документација од постапката за јавна набавка на информатичка опрема по Оглас.бр.19397/2021.
-
Листа на вработени во стручната служба на Уставниот суд.
-
Кои се причините за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за оценување на согласноста на одредби од Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје на ЈП Лајка Скопје за 2021 година, бр.02-720/6 од 09.12.2020 година, во кои се содржат формулациите: „трајно згрижување во азил“ (точка 3 став 1) и „носи во азил за бездомни животни“ (точка 5.4 став 5) со Законот за заштита и благосостојба на животните и со Правилникот за техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за евтаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација?
-
Информација за поднесена иницијатива со која се оспорува уставноста на член 81 став 7 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр. број 106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018 и 245/2021)
-
Дали до Уставниот суд, од страна на Собранието на Републиката е доставен предлог за утврдување одговорност на досегашните претседатели на Републиката?
-
За период од 01.05.2021 до 31.07.2021 податоци за: Просечно траење на постапките ( од поднесување на иницијатива, барање, предлог, до окончување на постапката) за предмети за кои се донесени конечни акти на Уставниот суд, а сметано од денот кога биле донесени. 2. Вкупен број на одржани конференции за медиумите. 3. Вкупен број на поднесени и одговорени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. 4. Вкупен број издадени публикации
-
За период од 01.02.2021 година до 30.04.2021 податоци за: 1. Просечно траење на постапките ( од поднесување на иницијатива, барање, предлог, до окончување на постапката) за предмети за кои се донесени конечни акти на Уставниот суд, а сметано од денот кога биле донесени. 2. Вкупен број на одржани конференции за медиумите. 3. Вкупен број на поднесени и одговорени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. 4. Вкупен број на издадени збирки на одлуки.