-
УЗ.бр.81/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 74 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација
-
УЗ.бр.31/2025
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година, бр.08-125/7 од 23.01.2025 година, донесена од Советот на Општина Кичево.
-
У.бр.201/2024
СЕ УКИНУВА Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план, бр.08-7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од Советот на Општина Тетово
-
У.бр.18/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 67 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 6 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
-
У.бр.167/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти
-
У.бр.175/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на насловот и поднасловот „Агенција за квалитет во високото образование” од глава петта, оддел 3 и член 45 во целина и посебно став 1 во делот „стручен” од Законот за високото образование (*)
-
УЗ.бр.20/2025
СЕ УКИНУВААТ член 114 став 1 точки 4 и 7 од Колективниот договор на Министерството за одбрана („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.36/2024).
-
У.бр.186/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина
-
У.бр.145/2024
СЕ УКИНУВА делот „како извршна исправа,“ од точка 2 став 2 од Заклучокот за утврдување на трошоците за извршување (образец бр.21) од Правилникот за формата на налозите, заклучоците, записниците, барањата, службените белешки, потврдите и другите акти кои ги изготвува извршителот при преземањето на извршните дејствија.
-
У.бр.107/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 64 став 7, член 96 став 2 алинеја 1 и член 97 став 1 од Законот за вработените во Министерството за одбрана и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 120 став 1 од Законот означен во точката 1 од…
-
У.бр.63/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за даночно ослободување со цел реализирање на Одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата
-
УЗ.бр.51/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 78-љ од Законот за културата и на уставноста и законитоста на Колективниот договор за културата