-
У.бр.72/2025
СЕ УТВРДУВА неуставност и незаконитост на член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.26/2025), во време на важењето
-
У.бр.75/2025, У.бр.84/2025 и У.бр.104/2025
СЕ УКИНУВААТ членовите 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/2025).
-
У.бр.138/2025
СЕ УКИНУВААТ член 17 ставoви 1 и 2 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024). Одредбите од Законот, престануваат да важат на 1 јануари 2027 година.
-
У.бр.112/2025
СЕ УКИНУВА член 37 став 1 во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата
-
У.бр.167/2025
СЕ УКИНУВА член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на одредбата од Законот означен во точка 1 од диспозитивот на оваа одлука.
-
УЗ.бр.38/2025
СЕ УКИНУВА Упатството за уредување на постапката при решавање на барање за одобрение за сеча во приватна шума, број 02-958/1 од 23.10.2015 година, донесено од директорот на ЈП „Национални шуми“ – Скопје.
-
У.бр.64/2025
СЕ УКИНУВА член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.14/2025).
-
У.бр.186/2025
СЕ УКИНУВА член 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина
-
УЗ.бр.52/2025
СЕ УКИНУВА Одлуката за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7 – куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште – Вонград, Општина Сопиште, бр.02-1509/1 од 29.05.2025 година
-
УЗ.бр.78/2025
СЕ УКИНУВА член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/2008)
-
БЗСП бр.20/2025
СЕ ОДБИВА барањето на Шерафедин Куртов од Велес за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на национална припадност.
-
СН-I. бр.1/2025
СЕ УТВРДУВА дека Основниот суд Радовиш е надлежен да постапува по Барањето за враќање на привремено одземени предмети, поднесено од Џанер Арифов од с. Тополница, Радовиш и Џанел Усеинов од с. Калаузлија, Радовиш, во врска со предметите, опремата и средствата привремено одземени во инспекцискиот предмет ИП1 09-207 на Министерството за економија и труд – Државен…