-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
На ден 16 декември 2019 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
-
Учество на Меѓународниот ден на човековите права
По повод Меѓународниот ден на човековите права, посветен на одбележување на 71-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на ден 10.12.2019 година учествуваше на дебатата посветена на заштитата на основните слободи и права на човекот…
-
Работилница на тема: „Законот за Уставниот суд на Сојузна Република Германија: одредби и практика“
Уставниот суд на Република Северна Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), на 5 декември 2019 година, одржа работилница на тема: „Законот за Уставниот суд на Сојузна Република Германија: одредби и практика“ со акцент на потребата за воведување на уставна жалба во нашиот правен систем, со што се одбележа почетокот на…
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, се заблагодари за долгогодишната соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и со германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ и во…
-
Средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со министерката за правда, д-р Рената Дескоска
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, денес (22 ноември 2019 година), остварија средба со министерката за правда, д-р Рената Дескоска. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, ја запозна министерката со прашањата коишто се од значење за остварувањето на уставната позиција на Уставниот суд…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 25 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија со почеток во 15.00 часот.
-
Учество на семинар на тема „Правото на Енергетската Заедница“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, присуствуваа на семинарот на тема „Правото на Енергетската Заедница“ организиран од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Енергетската Заедница, што се одржа денес, 22 ноември 2019 година со почеток во 10.00 часот. Семинарот е наменет…
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, денес 18.11.2019 година оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние. На средбата беа разменети мислења и информации, како и беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу уставните судови на двете земји. Во тој контекст претседателот Сали…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 18 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние, Амбасадор на Франција во Република Северна Македонија со почеток во 11.00 часот.
-
Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија,…
-
Присуство на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати на ден 5 ноември 2019 година, присуствуваше на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која г-дин Давид Сасоли, претседател на Европскиот Парламент, се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
-
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија остварија средба со Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од г. Рајнхард Прибе
На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судството и предлог – мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите слободи и права. На крајот на средбата, беше…