Решенија

6,406

Архива

Изберете година и месец

УЗ.бр.65/2025
17/06/2026
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица 1, дел од Блок 3 (помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Никола Петров“), Општина Неготино, донесена од Советот на Општина Неготино, бр.08-1551/5 на 06.08.2025 година, („Службен гласник на Општина Неготино“ бр.11/2025 од 07.08.2025 година).
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија
УЗ.бр.63/2025
10/06/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за УЕ „Г“, УБ „Г1“ и дел од УБ „Г5“ од (измена и дополна на ДУП за населба Ложионица блок 11,12,12,17 и 18 со плански период 2014-2017) (8.43ха) – Општина Кичево со бр.08-833/3 од 06.04.2017 година.
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
УЗ.бр.67/2025
10/06/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Наредбата за затворање на постоечката нестандардна локација за отстранување на комунален отпад во село Никуштак, Општина Липково, донесена од министерот за животна средина и просторно планирање, бр.02-3864/1 од 15.09.2025 година
Други прописи и колективни договори, Органи на единиците на локална самоуправа, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
УЗ.бр.73/2025
10/06/2026
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста и законитоста на членовите 11, 12 и 18 од Деловникот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, донесен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на 30.01.2024 година, број 0101-1/1.
Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се запира постапката, Уставен суд на Република Северна Македонија
УЗ.бр.72/2025
10/06/2026
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за контрола на квалитетот на работењето на субјектите на контрола на квалитет бр.0202-362/1 од 10.10.2024 година, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка