2023
-
У.бр.109/2022
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 152 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 154 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 156 став 1 точка 8) во делот „став (4)” и член 158 став 1 точка 4) во делот „став (4)” од Законот за градење
-
У.бр.46/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување на уставноста на член 30 во делот „министерот за стопанство и министерот за урбанизам, градежништво, сообраќај и екологија“ од Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови
-
У.бр.110/2022, 111/2022, 112/2022 и 124/2022
СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија
-
У.бр.43/2022
СЕ ОТФРЛА барањето на Анита Галевски од Битола, поднесено преку полномошникот Кирил Михајлоски, адвокат од Битола, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација по основ на политичка припадност
-
У.бр.118/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 32 од Законот за даночна постапка
-
У.бр.23/2022
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05. – Општина Карпош, донесена од Советот на Општина Карпош и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката
-
У.бр.20/2022
СЕ УКИНУВААТ: член 31 став 3 во делот „член 30“; член 59 во делот „Министерство за стопанство“ и член 72 ставови 1 и 2 од Законот за заштита од експлозивни материи
-
У.бр.129/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 132 став 1 точка 37 од Законот за безбедност на храната
-
У.бр.18/2023
СЕ ОТФРЛА барањето на Сандра Рилкова од Скопје, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална и политичка припадност
-
У.бр.21/2023
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 22-б и 27-б од Законот за превоз во патниот сообраќај
-
У.бр.113/2022-1
СЕ УКИНУВААТ член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија