2021
-
Соопштение по одржаната XVII-та седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVII-та седница (денeс, 30 јуни 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина и посебно оспорените член 66 и…
-
Соопштение по повод средбата на Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денес оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн. На средбата, претседателката на Судот, Добрила Кацарска, ја запозна амбасадорката со надлежностите и работата на Уставниот суд на Република Северна Македонија, како и за соработката со германската фондација…
-
Соопштение по одржаната XVI-та седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVI-та седница (денeс, 24 јуни 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник…
-
Соопштение по одржаната XV-та седница на Судот
Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XV седница (денeс, 17 јуни 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот за јавни обвинители („Службен весник на…
-
Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија на Уставниот суд на Република Бугарија
На покана од Уставниот суд на Република Бугарија во периодот од 8 до 11 јуни 2021 година, делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-ѓа Добрила Кацарска, ќе оствари официјална посета на Република Бугарија. Во составот на делегација се и тројца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија…
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (27 мај 2021 година) оствари проштална средба со првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (27 мај 2021 година) оствари проштална средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (26 мај 2021 година) оствари проштална средба со министерот за правда, г. Бојан Маричиќ.
-
Соопштение
Ја известуваме јавноста, дека на работниот состанок што се одржа денес (26.05.2021 година), за претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија е избрана судијата Добрила Кацарска. Мандатот на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година.
-
Соопштение за одржување на работен состанок за избор на претседател на Уставниот суд
Врз основа на членовите 5 и 7 од Деловникот на Уставниот суд, денес Уставниот суд ќе одржи работен состанок на чиј дневен ред е избор на претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. [pdf-embedder url=”http://ustavensud.mk/wp-content/uploads/2021/05/Izbor-na-pretsedatel.pdf” title=”Izbor na pretsedatel”]
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (25 мај 2021 година) оствари проштална средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев.
-
Соопштение
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес (25 мај 2021 година) оствари проштална средба со претседателот на Републиката, г. Стево Пендаровски.