Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XV седница (денeс, 17 јуни 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот за јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/2020) и ја отфрли иницијативата во делот кој се однесува нна оспорување на уставноста на истиот закон во целина, во однос на процедурата на предлагање на законот;
– не поведе постапка за оценување на член 60 став 2 од во делот „примените задолжителни вакцини за детето“ од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019 и 229/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 62 став 1 во делот „адресата и“ од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019) и член 176 став 1 од Законот за парнична постапка „Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 98 став 3 во делот „име и презиме поткрепени со доказ за лична идентификација“ од Законот за парничната постапка;
– ја офрли иницијативата за оценување на уставноста на член 65-а став 3 од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/2009; 124/2010; 18/2011; 18/2011; 36/2011; 49/2011; 54/2011; 59/2011; 13/2012; 39/2012; 144/2012; 25/2013; 70/2013; 79/2013; 137/2013; 163/2013; 27/2014; 28/2014; 42/2014; 115/2014; 149/2014; 187/2014; 44/2015; 129/2015; 129/2015; 217/2015; 226/2015; 30/2016; 31/2016; 39/2016; 71/2016; 103/2016; 132/2016; 35/2018; 64/2018; 168/2018, и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/2019 и 18/2020);
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 19 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020); и
– ја отфрли инцијативата за оценување уставноста и законитоста на Одлуката за избор на Народен правобранител донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 јануари 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр27/2021).