November 2019
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 25 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија со почеток во 15.00 часот.
-
Учество на семинар на тема „Правото на Енергетската Заедница“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, присуствуваа на семинарот на тема „Правото на Енергетската Заедница“ организиран од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Енергетската Заедница, што се одржа денес, 22 ноември 2019 година со почеток во 10.00 часот. Семинарот е наменет…
-
Соопштение
Уставниот суд на Република Северна Македонија на ден 19.11.2019 година одржа стручен колегиум на сите судии. На колегиумот се разгледуваше оформениот предмет по иницијативата У.бр.106/2019, со која е оспорена одредбата од член 353 став 5 од Кривичниот законик. На седницата на стручниот колегиум сите судии ги изнесоа своите размислувања за неколку важни и спорни прашања…
-
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 27.11.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. – Законот за дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/2016) и – Законот за одликувања и признанија на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.48/2002. Реферат У.бр.163/2016 2. Член 1, во делот: „а кои оствариле право на паричен…
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, денес 18.11.2019 година оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние. На средбата беа разменети мислења и информации, како и беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу уставните судови на двете земји. Во тој контекст претседателот Сали…
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 18 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние, Амбасадор на Франција во Република Северна Македонија со почеток во 11.00 часот.
-
Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија,…
-
У.бр.109/2019
СЕ ОТФРЛА барањето на Цветан Трипуновски од Скопје, изјавено преку адвокат Павлина Зефиќ и адвокат Панче Тошковски, двајцата од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот по член 110 алинеја 3 од Уставот што се однесуваат на слободата на јавно изразување на мислата, повреда на правото на политичко здружување и дискриминација…
-
У.бр.72/2019
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 9 став 2 во делот: „наградата” од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите, донесена од министерот за правда
-
У.бр.111/2019
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за мултинаменски стопански комплекс на патот Гевгелија – Граничен премин Богородица, дел од Блок 1, 3 и 7, Општина Гевгелија, за плански период 2012 – 2022
-
У.бр.86/2019
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Генерален урбанистички план за град Кочани, Општина Кочани, плански период 2013-2023
-
У.бр.78/2019
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на: член 3 точка 4-а) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и член 1 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018).