Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 27-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 27.11.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Законот за дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/2016) и
– Законот за одликувања и признанија на Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.48/2002.
Реферат У.бр.163/2016

2. Член 1, во делот: „а кои оствариле право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година“ и член 2 алинеја 5, во делот: „кое остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време“, од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата („Службен весник на Република Македонија“ бр.132/2017).
Реферат У.бр.35/2018

3. Член 17 ставови 1, 2 и 3; член 20 ставови 3 и 4; член 23 и член 25 ставови 3, 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход („Службен весник на Република Македонија“ бр.190/2017).
Реферат У.бр.135/2018

4. Член 19 став 2 и 10 од Законот за аудио и аудио и визуелни медиумски услуги (“Службен весник на Република Македонија“ број 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 248/2018 и 27/2019).
Реферат У.бр.46/2019

5. Член 39 став 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.61/2004, 96/2004, 67/2007, 156/2009, 47/2011 и 192/2015).
Реферат У.бр.102/2019

6. – Насловот пред член 218, во делот: „единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија“ и
– член 218 став 1, во делот: „единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија“, од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ број 72/2016, 142/2016 и 233/2018).
Реферат У.бр.103/2019

7. Задолжение бр.13-1978/1, донесено од директорот на Aгенцијата за катастар на недвижности на 03.02.2011 година.
Реферат У.бр.101/2019