Соопштенија
-
ЈАВЕН ОГЛАС број – 1/22 за вработување во Стручната служба на Уставниот суд
Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година и Су.бр.70/22 од 24 јануари 2022 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија, објавува ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2022 за вработување на неопределено време во Стручната…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со писмо го извести претседателот на Собранието Талат Џафери за истекот на мандатот на судијата Вангелина Маркудова
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска со писмо го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери дека на 7 декември истекува мандатот на судијата на Уставниот суд, Вангелина Маркудова и дека согласно Уставот се исполнети условите за започнување на постапката за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите согласно алинеја…
-
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со писмо ја извести претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска за истекот на мандатот на судијата Вангелина Маркудова
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска со писмо ја извести претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска дека на 7 декември истекува мандатот на судијата на Уставниот суд, Вангелина Маркудова и дека согласно Уставот се исполнети условите за започнување на постапката за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите согласно…
-
Согласно мерките за штедење претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со онлајн учество на V-от Kонгрес на Светската конференција за уставна правда
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда. Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов…
-
Соопштение по одржаната XXXI-ва седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска одржа седница на која расправаше по пет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и одлучи да: 1.Реферат У.бр.87/2021-Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови. Оспорен акт: Член 91 став 2 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/2006, 126/2006, 84/2007,47/2011, 79/2013, 164/2013, 29/2014, 98/2015 и 192/2015) во делот:…
-
Oформени нови предмети во периодот од 14 до 22 јули 2022 година
Во периодот од 14 до 22 јули 2022 година до Уставниот суд се поднесени шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и по нив се оформени предмети кои се предадени на работа на советници на Судот и судии. У.бр.69/2022 Подносител: Оливер Давидовски Oспорен: Член 19 став 16 во делот: надлежен суд од Законот за…
-
Посета на Уставниот комитет на Сирија во Уставниот суд
Претставници на Уставниот комитет на Сирија го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија со цел да дознаат и да научат повеќе од македонскиот Устав, со посебен интерес за децентрализацијата, заштитата и условите на немнозинските заедници во општествениот живот. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска ги објасни улогата и надлежностите на Судот, амандманите со кои…
-
Соопштение по одржаната 30 седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 30. седница на која расправаше по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста одлучи да: 1.Реферат У.бр.123/2021 Се отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 146 став 2 и став 3 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010…
-
Свечена пригодност по повод пензионирање на Оливера Филиповска, советник на Уставниот суд
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во име на Судот се заблагодари на Оливера Филиповска за долгогодишната соработка и исклучителниот ангажман и организираше свечена пригодност по повод заминувањето во пензија после 20 години посветеност на уставно-судската анализа. Филиповска ја заврши кариерата како советник на Судот, професионалец со стручен кредибилитет и богато искуство како правник. Од…
-
Уставниот суд учествува на 10-та Летна школа за стручните служби на уставни судови
Советничката на Уставниот суд за меѓународно-правна соработка, Татјана Јањиќ Тодорова денеска имаше свое излагање во рамки на 10-та Летна школа во организација на Уставниот суд на Република Туркије и Центарот за обука на Асоцијацијата на азиски уставни судови и еквивалентни институции. Во говорот Јањиќ даде осврт на Европската Конвенција за човекови права и нејзината примена…
-
Делегација на Уставниот суд учествуваше на регионална конференција во Белград
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на регионална конференција на тема „Примена на Европската Конвенција за заштита на човековите права-искуства и предизвици на судовите во Централна и Југоисточна Европа”. На настанот беше потенцирана улогата на националните судови и судиите во постапките со цел овозможување на ефективна заштита на правата од конвенцијата. Во…
-
Соопштение по завршената XXIX-та седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа XXIX-та седница на која расправаше по три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и едно барање за слободи и права и одлучи да: Реферат У.бр.143/2021- ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи…