Со оглед на фактот дека поголем број од прашањата на новинарите се повторуваат или се во иста насока Судот ги дава следните одговори:
1. Koja е причината за поделеноста на гласовите:
ОДГОВОР: Судиите гласаат по сопствено убедување, гласањето за или против е нивно лично убедување.
2. Kako ќе функционира Судот следниот период и дали ќе се рефлектира врз работењето?
ОДГОВОР: Во делот на работата со предмети, Судот непречено работи, прима предмети и постојните предмети тековно се работат , предметите се поделени на судии и советници.
3. Кој се досега беше кандидат за претседател?
ОДГОВОР: Судиите Ана Павловска Данева, Татјана Васиќ- Бозаџиева и Осман Кадриу досега беа предложени за кандидати за претседател на Уставниот суд.
4. Зошто судијата Ана Павловска-Данева денеска се повлече од кандидатурата да биде претседател на Уставниот суд ?
ОДГОВОР Судијата Ана Павловска-Данева на седницата изјави дека ќе се повлече бидејќи според неа, не сака нејзината кандидатура да биде причина за уставна криза.
5. Колку гласа доби противкандидатката Васиќ:
ОДГОВОР: Судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева во сите гласања во коишто беше предложена како кандидат доби 5(пет) гласа. Исто така, судијата Осман Кадриу го доби истиот број на гласови, односно 5(пет) во осмиот круг гласање во којшто беше предложен.
6. Што е предвидено во ваква ситуација?
ОДГОВОР: Постапката за избор на претседател на Уставниот суд продолжува согласно членот 7 став 4 од Деловникот на Судот, според кој доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката за избор на претседател се повторува.
7. Од каде судиите го црпат правото да ја водат седницата, како изгледа таа седница?
ОДГОВОР: Уставниот суд е колективно тело, секако дека одлуките ги носат со мнозинство, а претседателот е само прв меѓу еднаквите, во таа смисла е колективното одлучување за прашања кои се однесуваат на управувањето.