Меѓународни активности
-
Официјално отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Од 23- 26 јануари 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и генералниот секретар на Уставниот суд г-ѓа Милица Николовска присуствуваа на официјалното отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Настанот започнa со семинар на тема „Улогата на консензусот во системот на Европската конвенција…
-
Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Словенија на Уставниот суд на Република Македонија
Уставниот суд на Република Македонија Ве известува дека на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Словенија од 25-27 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Во рамките на оваа посета, судијата на Уставниот суд на Република Словенија д-р Цирил…
-
Посета на делегација на Уставниот суд на Република Албанија
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Албанија од 17-20 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Албанија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Владимир Кристо.
-
XII-та Меѓународна Конференција во Ереван, Ерменија
Во периодот од 5 до 6 октомври 2007 година во Ереван, Ерменија се одржа XII–та Меѓународна Конференција на тема: „Меѓународното искуство во соработката меѓу уставните судови и народните правобранители во полето на обезбедувањето и заштитата на човековите права“ на која учествуваше судијата на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски во придружба на г-ца…
-
Посета на делегација на Уставниот суд на Република Бугарија
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Бугарија од 3 – 6 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Румен Јанков.
-
Учество на меѓународна конференција во Талин, Естонија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски, судии на Уставниот суд, од 5-7 септември 2007 година, престојуваа во Талин, Естонија каде што учествуваа на Меѓународна конференција на тема: Политички прашања во уставно-судската контрола: која е линијата на поделба помеѓу мешањето во политичкото одлучување и уставно-судската контрола“. Конференцијата…
-
Посета на Уставниот суд на Република Албанија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Махмут Јусуфи, престојува во Република Албанија во дводневна билатерална посета на Уставниот суд на Република Албанија. Посетата се остварува на покана од претседателот на Уставниот суд на Република Албанија д-р Ѓерѓи Саули и има за цел зајакнување и продлабочување на соработката…
-
Учество на Меѓународен симпозиум по повод 45 Годишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Судот г-дин Махмут Јусуфи, д-р Зоран Сулејманов, судија на Уставниот суд и Симона Герасимова Јовановска, советник, од денеска престојува во Анкара, каде што ќе учествува на Меѓународниот симпозиум на тема „Улогата на уставните судови во универзалниот мир и средба на цивилизациите“ организиран по повод…
-
Учество на Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на тркалезна маса во Република Црна Гора
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани, во периодот од 14 до 17 февруари 2007 година ќе престојува во Република Црна Гора, по повод тркалезна маса на тема „Положбата и улогата на Уставниот суд во идниот Устав на Република Црна Гора“ во организација на Уставниот…
-
Учество на меѓународен семинар во Букурешт, Романија
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од претседателот на Уставниот суд Махмут Јусуфи, судијата д-р Трендафил Ивановски и државниот советник Татјана Јањиќ Тодорова на 23 и 24 ноември присуствуваше на меѓународен семинар на тема: „Гаранции за независноста на уставните судии“. Семинарот се одржа во Букурешт во организација на Уставниот суд на Романија…
-
Присуство на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите: д-р Трендафил Ивановски и Игор Спировски во периодот од 26 до 28 октомври 2006 година присуствуваше на прославата на 15 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Руската Федерација во Москва. Истовремено беше одржан и IX –Меѓународен форум на уставната правда на тема: “Заедничкиот…
-
Учество на делегација на Уставниот суд на советување во Милочер, Република Црна Гора
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Судот, г-дин Махмут Јусуфи во состав од судијата Бранко Наумоски и генералниот секретар на Судот, г-ѓа Милица Николовска учествуваше на Советување на тема: „Положбата и улогата на Уставниот суд во примената на Европската конвенција за човекови права“ кое се одржа во Милочер, Република Црна…