Соопштение по одржаната 9. седница на Уставниот суд

На 30 април 2025 година Уставниот суд ја одржа 9. седница на која се дискутираше по осум предмети во кои беа оспорени уставноста и законитоста на акти, а во два предмета се донесени конечни одлуки. 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 

 1. Реферат У.бр.222/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 202 став 11 и член 205 став 1 во делот „за припадноста на заедница“ од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Северна Македонија бр.150/2010,100/2012,142/2016 и 198/2018)

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на:

– член 197 ст.1 т.2 во делот „или лицата од членот 215 став (1) на овој закон“;

– член 198 ст.2 во делот „од членот 185 на овој закон“;

– член 206 ст.6 во делот „согласно со членовите 489 до 496“;

– член 222 во делот „ членот 392 став 2 од“;

– член 242 став 2 во делот „а ако е потребно, ќе се постапи согласно со одредбите на членот 239 став 4 од овој закон;

– член 317 став 2 во делот„ ќе се примени членот 391 став 3 од овој закон“ и  во втората реченица „то“ од зборот Решението, од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Северна Македонија бр.150/2010,100/2012,142/2016 и 198/2018).

Подносител на иницијативата: д-р Леонид Трпеноски, адвокатско друштво “Трпеноски”

2. Реферат У.бр. 248/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на:

– член 59 став 2 во делот „и кога ке најде дека има недостатоци во постапката која претходела на донесувањето на оспорениот акт, но тие не биле од влијание за решавање на предметот во спорот“;

– член 70 став 1 алинеја 1 во делот „суштествена“;                     

став 2 во делот „Суштествена“ и во делот „а тоа влијаело или можело да влијае врз донесување на законита и правилна пресуда;

– член 81 став 3 во делот „кои имале одлучувачко значење“, делот „поради“ и во делот „тие“, од Закон за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/2019).

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на:

– член 79 став 3 во делот „суштествена“ 

– член 80 став 1 во делот „или тие не се од влијание за донесување на поинаква одлука“, и став 2 во делот „суштествена“ од Закон за управни спорови („Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/2019).

Подносител на иницијативата: Александар Наумовски

3. Реферат У.бр.271/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 15-в во делот „за јавна администрација” од Законот за Управната  инспекција („Службен весник на Република Македонија” број 69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 156/2015, 193/2015, 53/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 103/2021, 208/2024 и 272/2024).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. Реферат У.бр.1/2025

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 10 став 4 во делот „со исклучок на тоа дека на Стратешкиот партнер ќе му биде дозволено да започне со истражување и експлоатација на минерални суровини за целите на Проектот штом барањето за доделување на концесија за истражување и експлоатација е поднесено од страна на Инвеститорот” од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на  стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 163/2021 и 111/2023).

Подносител на иницијативата: Жарко Стеваноски, адвокат

5. Реферат У.бр.210/2024

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на: член 21 став 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023).

6. Реферат У.бр.234/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на Одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател и членови на Државна комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен од 23.09.2024

Подносител на иницијативата: Даниела Бочварска, Кристијан Чушков, Весна Илиева Лубуриќ, Фидан Јусуфи, Јетмир Љика, Виктор Бубевски

7. Реферат У.бр.73/2022

Не се  поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на:

-Одлука за донесување на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 бр.07-5068/1 од 03.12.2012 година, донесена од Советот на Град Скопје,(„Службен гласник на Град Скопје“ бр.18/2012),

-Одлука за донесување на Детален урбанистички план  „Стакларница Пинтија“ бр.07-4421 од 06.07.2007 година, донесена од Совет на Општина Кисела Вода,

-Одлука за донесување Детален урбанистички план за  нас.Пинтија бр.07-49/2 од 31.05.2004 година, донесена од Совет на Општина Кисела Вода,

-Одлука за донесување Детален урбанистички план за фабрика Охис бр.07-8027/9 од 27.12.2011 година, донесена од Совет на Општина Кисела Вода, 

 Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на:

-Одлука за донесување на Детален урбанистички план  „Стакларница“ бр.07-599/5 од 05.06.2008 година, донесена од Советот на Општина Кисела Вода,

-Проект за инфраструктура со тех.бр.ПА-002-01/14/2 од „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ и др.ДОО од месец мај 2014 година.

Подносители на иницијативата: Велимир Димовски и други, застапувани од Мефаиљ Арслани, адвокат

8. Реферат У.бр.179/2024

Судот ja отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 33 став 2 во делот „Додека Дисциплинскиот суд е орган на  Собранието“, член 34 став 1, член 35 и член 63 од Статутот на Здружението ловечко друштво „Церн камен 2010г Вевчани“, донесен на 21.12.2014 година.

Подносител на иницијативата: Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зеќири и партнер ДОО Скопје

II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА 

1. У.бр.198/2024

Судот ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – с. Кондово, Скопје,која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година. Поради поголем јавен интерес за овој предмет, Судот објави посебно соопштение. (https://ustavensud.mk/archives/34129)

2. Поради отсуство на судијата проф. д-р Осман Кадриу кој е судија известител во следните предмети, тие се одложени за наредната седница:

  1. https://ustavensud.mk/archives/32494
  2. https://ustavensud.mk/archives/32497
  3. https://ustavensud.mk/archives/32868

Предметот У.бр.186/2024 е одложен за наредната седница поради тоа што во текот на гласањето, предлогот за укинување на оспорените измени не го доби потребното мнозинство (минимум пет гласови „за”). Повеќе информации за поведената постапка во овој предмет: https://ustavensud.mk/archives/33093