January 11, 2023
-
Соопштение по одржаната 1. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 1. седница од 2023 година со дневен ред на кој беа закажани шест иницијативи и две барања за слободи и права.Со оглед на фактот дека од 7 декември 2022 година Судот функционира со 6 од вкупно 9 судии, најголем дел од предлозите на предметите, односно шест предмети не го добија…
-
Уставниот суд поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош за ДУП во кој е предвидена изградба на бензинска пумпа
Поради интерес на повеќе медиуми и невладини организациии ве информираме дека Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлука на Советот на Општина Карпош од од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста но и…
-
У.бр.23/2022
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05. – Општина Карпош, донесена од Советот на Општина Карпош и СЕ ЗАПИРА извршувањето на сите поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката
-
У.бр.117/2022
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на делот: „Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ)“ од член 22 став 3 алинеја 2 од Законот за надворешно трговско работење