Уставниот суд денеска ја одржа 1. седница од 2023 година со дневен ред на кој беа закажани шест иницијативи и две барања за слободи и права.Со оглед на фактот дека од 7 декември 2022 година Судот функционира со 6 од вкупно 9 судии, најголем дел од предлозите на предметите, односно шест предмети не го добија потребното мнозинство на гласови и ќе бидат ставени на седница за гласање кога Судот ќе биде пополнет со нови судии. Одлучено е да се поведе постапка по еден предмет:
Подносител: Наташа Шурбановска од Скопје
Оспорена е Одлука на Советот на Општина Карпош бр.09-1656/3 од 03.03.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05 како спротивна на член 8 став 1 алинеи 3 и 9 и член 51 од Уставот. Според подносителот со овој ДУП се предвидува изградба на бензинска пумпа спроти базенот „Младост” во општина Карпош на дел од сообраќајната инфраструктура. Подносителот смета дека Одлуката не е во согласност со Уставот и членовите 108 и 110, Законот за урбанистичко планирање, ГУП за Град Скопје и Правилникот за урбанистичко планирање. Подносителот предлага времена мерка забрана за градба на објект до донесување на конечна одлука на Уставниот суд.
3.Реферат У.бр.117/2022- Уставниот суд одлучи да ја отфрли иницијативата бидејќи оспорената одредба не е дел од правниот поредок.
Оспорена одредба: делот: „Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ)“ од член 22 став 3 алинеја 2 од Законот за надворешно трговско работење („Службен весник на Република Македонија“ бр.45/2002 и 31/2003).
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев од Скопје
Предмети кои не добија мнозинство:
1.Реферат У.бр.64/2021
Оспорен: Член 205 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009 и 161/2009).
Подносител на иницијативата: Осигурување Македонија а.д.Скопје- Виена Иншуренс Груп, од Скопје, застапувано од адвокат Игор Спировски од Скопје.
2.Реферат У.бр.1/2022
Оспорени: Член 75-ѓ, член 76-д, член 78 и член 78-а од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр. 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 40/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/2019, 42/2021, 74/2021 и 215/2021).
Подносител: Павле Трајанов
4.Реферат У.бр.36/2022
Оспорен: Член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надоместок за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.81/2022), донесена од Владата на Република Северна Македонија.
Подносител на иницијативата: Емануел Тасев
6.Реферат У.бр.52/2022
Оспорена: Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт 3 05 помеѓу булевар Илинден, булевар 8-ми Септември, булевар Партизански одреди и улица Љубљанска-Општина Карпош-Скопје („Службен гласник на општина Карпош” бр.12/2013).
Подносител:Даниел Георгиевски
Реферат У.бр.146/2021
Оспорени: Пресудата МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година на Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-2666/21 од 30.09.2021 година на Апелациониот суд Скопје.
Подносител: Влатко Стојановски преку адвокат Филип Медарски од Скопје
Реферат У.бр.43/2022
Подносител: Анита Галевски преку адвокат Кирил Михајловски
Оспорен: Решение РО број 0904-19 од 17.02.2022 година од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.