-
УЗ.бр.84/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Пресудата УПРЖ бр. 359/2023 од 27.11.2023 година на Вишиот управен суд, Решението IВПП1 бр. 166/21 од 21.03.2023 година на Основниот граѓански суд Скопје и Решението ГЖ-1793/23 од 11.02.2025 година на Апелациониот суд Скопје.
-
У.бр.102/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 105-а став 2 точка 4 во делот „раководно” од Законот за домување.
-
У.бр.90/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 31-a во делот „вработени во Бирото за судски вештачења“ од Законот за процена
-
У.бр.3/2026
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 24 став 12 од Законот за работно ангажирање на лица
-
УЗ.бр.62/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 7 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, донесен од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на седниците одржани на 2 и 3 ноември 2024 година.
-
УЗ.бр.78/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина
-
У.бр.112/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1 во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата.
-
У.бр.93/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 1 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.75/2025)
-
УЗ.бр.81/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 74 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација
-
У.бр.18/2026
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 67 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 6 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност
-
У.бр.167/2025
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти
-
У.бр.167/2025
СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 6 став 6 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти до донесување конечна одлука од страна на Уставниот суд на Република Северна Македонија.