Меѓународни активности

225

Архива

Изберете година и месец

Амбасадорот Фуере во проштална посета на Уставниот суд на Република Македонија
17/02/2011
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски го прими во проштална посета шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Амбасадорот Ерван Фуере. На средбата присуствуваа и судиите на Уставниот суд Лилјана Ингилизова-Ристова, Игор Спировски и д-р Гзиме Старова. Служба за информирање
Меѓународни активности, Соопштенија
Свечена седница на Европскиот суд за човекови права
31/01/2011
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија д-р Наташа Габер-Дамјановска и Исмаил Дарлишта присуствуваа на формалното отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, што се одржа на 28 јануари 2011 година во Стразбур. По тој повод се одржа и семинар на тема: „Кои се лимитите на еволутивното толкување на Конвенцијата“? На свечената […]
Меѓународни активности
Учество на Вториот конгрес на Светската конференција за уставна правда (16-18 јануари, Рио де Женеиро, Бразил)
17/01/2011
Учество на Вториот конгрес на Светската конференција за уставна правда (16-18 јануари, Рио де Женеиро, Бразил) Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд Бранко Наумоски, од 16 до 18 јануари 2011 година учествува на Вториот конгрес на Светската конференција за уставна правда што се одржува во Рио де Женеиро, […]
Меѓународни активности
Учество на VIII Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право (5-10 декември, Мексико Сити)
06/12/2010
Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски учествува на VIII-от Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право што се одржува од 5-10 декември 2010 во Мексико Сити. Темата на Конгресот е „Уставите и принципите“. Судијата Игор Спировски на Конгресот учествува со труд под наслов: „Поделба на власта и консоцијално споделување во Република Македонија: Случувања […]
Меѓународни активности, Соопштенија
ЗАКЛУЧОЦИ од Регионалната конференција на уставните судови на тема:„Независност на уставните судови“, Охрид, 10-13 јуни 2010 година
14/06/2010
– Уставните судови се тековина на современите демократски општества; нивната мисија е да ги обезбедат најважните општествени вредности, определени во уставите, како што се владеењето на уставот и уставноста односно владеењето на правото, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и остварувањето на основните човекови права и слободи; – Таквата мисија на уставните […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Регионална конференција на уставните судови
07/06/2010
До Средствата за јавно информирање 1. Од 10-13 јуни 2010 година во хотел „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи Регионална конференција на уставните судови. Темата на Конференцијата е: „Независност на уставните судови“. Во работата на Конференцијата ќе учествуваат: – Уставниот суд на Република Македонија, предводен од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски; – Уставниот суд […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Билатерална посета на делегација на Уставниот суд на Република Турција на Уставниот суд на Република Македонија
30/04/2010
Од 3-5 мај 2010 година, делегација на Уставниот суд на Република Турција составена од претседателот на Судот г-дин Хашим Килиџ и уште тројца судии, ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Станува збор за прва официјална билатерална средба помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Турција која е […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Билатерална посета на Уставниот суд на Република Македонија на Уставниот суд на Црна Гора
28/04/2010
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија од 22 – 25 април 2010 година престојуваше во билатерална посета на Уставниот суд на Црна Гора. За време на посетата беше остварена работна средба со претседателот и судиите на Уставниот суд на Црна Гора на која се разговараше за актуелните состојби во работењето на уставните судови на двете земји […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал
16/04/2010
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е Г-дин Арслан Хакан Окчал. Цел на посетата беше претстојната билатерална средба на Уставниот суд на Република Македонија со Уставниот суд на Република Турција.
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба со претставник на Фондацијата Конрад Аденауер
12/04/2010
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, денес ќе се сретне со д-р Јан Воишник, Координатор на Програмата за владеењето на правото и Раководител на Одделот за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер од Берлин. Целта на посетата ќе биде анализа на остварувањето на заедничките проекти на Уставниот суд и Фондацијата Конрад […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Учество на свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права, Стразбур
01/02/2010
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и државниот советник за меѓународна соработка Татјана Јањиќ-Тодорова на 29 јануари 2010 година учествуваа на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По тој повод беше одржан и семинар на тема: „Конвенцијата е ваша“ на кој учествуваа 150 претставници […]
Меѓународни активности, Соопштенија