Admin

9,575

Архива

Изберете година и месец

У.бр.38/2023
17/01/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, донесена од Советот на Град Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената одлука
Времена мерка, Други прописи и колективни договори, Органи на единиците на локална самоуправа, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.105/2023
17/01/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето
Влада на Република Северна Македонија, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
У.бр.176/2023
17/01/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 12 став 1 во делот „кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност” од Законот за адвокатурата и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 67 став 2 во делот „и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за…
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот
10/01/2024
Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд, не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Судот оцени дека таа во Собранието била присутна како новинар и требало да информира за изборот на претседател, но била оневозможена во тоа. Според Судот […]
Соопштенија
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на Законот за измена на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување
10/01/2024
Остануваат во примена законските измени за облигациони односи и извршување, Уставниот суд не поведе постапка за да ги оценува. Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи кои за овој предмет беа поднесени до Судот. Според Уставниот суд неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите […]
Соопштенија