Admin

9,575

Архива

Изберете година и месец

У.бр.129/2023 и У.бр.132/2023
07/02/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023) и СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот
Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Претпријатија и други организации и заедници, Решенија, Се отфрла
Работна средба на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на СР Германија во земјава
02/02/2024
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска оствари работна средба со Н.Е. амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, г-ѓа Петра Дрекслер. На средбата стана збор за актуелната состојба со пополнетоста на судиските места, се дискутираше за напредокот кој го направи Уставниот суд во изминатите три години во полето на транспарентноста, ажурното решавање на предмети и […]
Соопштенија
Демант за Павле Трајанов: Уставниот суд не го отфрлил предметот за измените на КЗ, се води постапка
31/01/2024
Уставниот суд ги демантира тврдењата на претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов  искажани во емисијата „Аргумент Плус” на ТВ24 , емитувана во живо во 17:45  часот на 30.01.2024. Имено во 17 минута од емисијата господинот Трајанов споделува информација дека Уставниот суд ја отфрлил неговата иницијатива која се однесува на Законски измени на Кривичниот законик. Станува […]
Соопштенија
У.бр.158/2023-1
31/01/2024
Уставен суд на Република Северна Македонија У.бр.158/2023 Скопје, 31.01.2024 година   Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 и член 113 став […]
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.205/2023
31/01/2024
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за поништување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на мала хидроцентрала на водоснабдителен систем за водоснабдување на Општина Неготино, донесена од Советот на Општина Неготино
Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Претпријатија и други организации и заедници, Решенија, Се отфрла