Admin

9,575

Архива

Изберете година и месец

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
20/08/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари. Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем. На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за […]
Соопштенија
Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права-за прв пат применет механизмот за заштита на сопствените одлуки
07/08/2026
Уставниот суд го извести Јавното обвинителство и Судскиот совет дека судија од Основниот граѓански суд Скопје кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска не ја извршил Одлуката на Уставниот суд БЗСП.бр.8/2025. Имено, Уставниот суд на 24 септември 2025 година утврди повреда на слободите и правата коишто се однесуваат слободата на јавно изразување на мислата […]
Соопштенија
Претседателот Костадиновски со честитка до граѓаните, по повод Денот на Републиката 2 Август-Илинден
02/08/2026
По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка: Почитувани граѓани, Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока […]
Соопштенија
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска започна со работните обврски во Уставниот суд
30/07/2026
Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд. Во рамки на првиот работен ден, судијата Георгиевска оствари работен состанок со претседателот д-р Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба. На судијата Георгиевска и […]
Соопштенија
Европската комисија во Извештајот за владеењето на правото за 2026 година нотира напредок во работата на Уставниот суд
23/07/2026
Во најновиот Извештај за владеењето на правото за 2026 година, Европската комисија констатира дека Уставниот суд на Република Северна Македонија продолжил да ги унапредува своите капацитети за заштита на уставноста и законитоста. Како показатели за овој напредок, Комисијата наведува: – зголемен број на одлуки со кои се укинуваат или поништуваат неуставни или незаконски прописи; – […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја
18/07/2026
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство.На средбата беше потврдена заедничката определба за […]
Uncategorized, Меѓународни активности, Соопштенија
Предвидена средба на претседателот д-р Дарко Костадиновски со Кадир Озкаја, претседател на Уставниот суд на Турција
16/07/2026
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, на 18 јули 2026 година ќе оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Средбата претставува продолжение на воспоставената соработка и пријателските односи меѓу двата уставни суда, со акцент на понатамошно унапредување на билатералната соработка и размена на искуства […]
Соопштенија