2020
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со претседателот на Европскиот суд за човекови права, г-дин Сицилианос и учество на Свеченото отварање на судиската година на Европскиот суд на човекови права
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Судот, Сали Мурати, судијата Јован Јосифовски и советникот Лариса Милевскa, од 29.01.2020 до 01.02.2020 година, присуствуваше на Свеченото отварање на судиската година на Европскиот суд на човекови права и на Семинарот одржан по тој повод во Стразбур, Република Франција. Претседателот на Судот, Сали…
-
Присуство на Свеченото отворање на судиската година на Европскиот суд за човекови права
На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права, г-дин Линос-Александре Сицилианос, делегација на Уставниот суд, предводена од претседателот на Судот, Сали Мурати, судијата Јован Јосифовски и советникот Лариса Милевска, во периодот од 29.01.2020 до 01.02.2020 година, ќе присуствува на Свеченото отварање на судиската година на Европскиот суд за човекови права и на Семинарот…
-
Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на остварувањето на уставната функција на Судот, со посебен осврт на заштитата на слободите и правата пред…
-
Присуство на Комеморативната академија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот
На покана на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес, 27 јануари 2020 година, присуствуваше на Комеморативната академија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 28 јануари 2020 година (вторник) ќе одржи средба со Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Република Северна Македонија, со почеток во 14.00 часот.
-
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок
На ден 20 јануари 2020 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок.
-
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за унапредување на истата. Беше изразено обострано задоволство од досегашната…