На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права, г-дин Линос-Александре Сицилианос, делегација на Уставниот суд, предводена од претседателот на Судот, Сали Мурати, судијата Јован Јосифовски и советникот Лариса Милевска, во периодот од 29.01.2020 до 01.02.2020 година, ќе присуствува на Свеченото отварање на судиската година на Европскиот суд за човекови права и на Семинарот на тема: “Европската Конвенција за човекови права: 70 години жив инструмент”, што ќе се одржи во Стразбур, Република Франција.
Во рамките на престојот на делегацијата во Стразбур, претседателот на Судот, Сали Мурати, на 30.01.2020 година, ќе оствари официјална средба со Претседателот на Европскиот суд за човекови права, г-дин Линос-Александре Сицилианос.