October 2007
-
У.бр.133/2005-1
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членoвите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и членoт 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седница одржана на 24 октомври 2007 година, донесе О Д Л У К А 1. СЕ УКИНУВААТ: – членот 4…
-
Известување
Ве известуваме дека седницата на Уставниот суд на Република Македонија што беше закажана за 10 октомври 2007 година ќе се одржи на 24 октомври 2007 година (среда) со почеток во 9,00 часот.
-
Посета на делегација на Уставниот суд на Република Албанија
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Албанија од 17-20 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Албанија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Владимир Кристо.
-
XII-та Меѓународна Конференција во Ереван, Ерменија
Во периодот од 5 до 6 октомври 2007 година во Ереван, Ерменија се одржа XII–та Меѓународна Конференција на тема: „Меѓународното искуство во соработката меѓу уставните судови и народните правобранители во полето на обезбедувањето и заштитата на човековите права“ на која учествуваше судијата на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски во придружба на г-ца…
-
Посета на делегација на Уставниот суд на Република Бугарија
На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Бугарија од 3 – 6 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Румен Јанков.