Во периодот од 5 до 6 октомври 2007 година во Ереван, Ерменија се одржа XII–та Меѓународна Конференција на тема: „Меѓународното искуство во соработката меѓу уставните судови и народните правобранители во полето на обезбедувањето и заштитата на човековите права“ на која учествуваше судијата на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски во придружба на г-ца Лариса Крушаровска, советник во Уставниот суд на Република Македонија. Судијата Бранко Наумоски, на Конференцијата имаше излагање на тема: „Уставните механизми за заштита на слободите и правата на граѓаните со посебен осврт на соработката на Уставниот суд на Република Македонија и Омбудсманот на Република Македонија. На Конференцијата учествуваа 25 земји со свои претставници од уставните судови или врховни судови со уставна надлежност како и од омбудсман институциите.