На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Бугарија од 3 – 6 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Румен Јанков.