Соопштение по одржаната 3. седница на Уставниот суд

По одржаната 3. седница на 19 февруари 2025 година, Уставниот суд го одлучи следното:

1.Реферат У.бр. 161/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 137 во делот „односно по донесувањето на решението во  обновената постапка по службена должност“ и член 150 став 3 во делот „од конечноста на решението со кое е утврдена промената“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Подносител: Славко Лазовски од Скопје

2. Реферат У.бр. 186/2024

Уставниот суд не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови. 

Подносители на иницијативата: Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева.

3.Реферат У.бр. 221/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на членовите 151 и 184, се отфрла иницијативата за членовите 118 став 1 во делот „според одредбите со кои се регулира    извершувањето”, член 120 став 1 во делот „според одредбите што    важат за извршувањето”, член 130 став 3 во делот „тече од денот на доставата на обвинетиот. Ако на обвинетиот му е изречена мерката притвор или е на издржување на казна затвор, рокот”, член 143 став  1, член 153 став 1 алинеја 1 во делот „не дојде на уредно  доставената покана и за тоа   не го оправда изостанокот”, член 193 став 2 во делот „Ако во домот е извршен и претрес тогаш  ќе се состави записник во согласност со   членот 192 од овој закон кој мора да ги содржи причините за претрес без наредба”. и став 3 од Законот за кривичната постапка

Подносител на иницијативата: д-р Леонид Трпеноски, адвокатско друштво “Трпеноски”

4.Реферат У.бр. 244/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот за јавни обвинители на Република Северна Македонија. 

Подносител на иницијативата: Ленче Ристоска

5. Реферат У.бр. 181/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Одлука за донесување на Детален урбанистички план Блок 1.2, Блок  2.1 и Блок 2.2, бр. 09-287/1 од 17.02.2024 година на Советот на   Општина Гевгелија. 

Подносител на иницијативата: ДГИТУ САС Инвест дооел Гевгелија застапувани од адвокат Мартин Тодоровски

6. Реферат У.бр. 125/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на член 13 од Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во     регистар донесен од Управниот одбор на Институтот на  сметководители и овластени сметководители на Република Северна  Македонија, У.О бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр. 0202/366  од 29.06.2023 година и У.О бр.0202/009  од 18.01.2024 година.

Подносител на иницијативатa: Петар Прчевски, адвокат од Битола

7. Реферат У.бр. 195/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на член 13 став 2 од Правилникот за начин и постапка за добивање на   уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во   регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна  Македонија, У.О   бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр. 0202/366  од 29.06.2023 година и  У.О бр.0202/009 од 18.01.2024 година.

Подносител: Сашо Цветановски

8. Реферат У.бр. 196/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на член 13 став 2 од Правилникот за начин и постапка за добивање на   уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во   регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, У.О бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр. 0202/366  од 29.06.2023 година и У.О бр.0202/009 од 18.01.2024 година.

Подносител: Адвокат Виктор Божиновски

9.Реферат У.бр. 172/2024

Се поведува постапка за оценување на Правилник за формата и содржината на Јавниот оглас, начин на   поднесување на пријавата за вработување на давателите на услуги- здравствени работници и соработници, како и начинот на спроведување на постапката за селекција на кандидатите за работното место за кое е објавен јавниот оглас, рангирање,  тестирање и спроведување на интервју бр.02-1186/2 од 13.10.2023 година, донесен од Управниот одбор на ЈЗУ Клиничка Болница  „д-р   Трифун Пановски“-Битола.

Подносител на иницијативата: Игор Раденков

10. Реферат У.бр. 97/2023   

Не се поведува постапка за оценување на Параграф 7 од Правилото за односите во вршењето на службата на   Армијата на Република Северна Македонија бр. 02-294/1 од 16 јули     2012 година од Началникот на Генералштабот на Армијата на     Република Северна Македонија 

Подносител на иницијативата:  Здружение за развој Млади за јавен интерес

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ

1. У.бр. 4/2024

Судот ја запре постапката по овој предмет.

2. У.бр.194/2024

Се укинува Правилникот за начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување.