February 25, 2021
-
Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 7-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 03.03.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот
I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА: 1. Член 6 ставови 2 и 3, член 7 став 1, член 8 став 3, член 100 став 6 во делот: „и усвојување“ и став 8 од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019). Реферат У.бр.233/2020…
-
Учество на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати на XVIII-от Конгрес на Конференцијата на европски уставни судови (24 и 25 февруари 2021 година)
Во рамките на чешкото претседателство со Конференцијата на европските уставни судови, на 24-25 февруари ќе се одржи XVIII-от Конгрес на тема: „Човекови права и фундаментални слободи: Односот помеѓу меѓународните, наднационалните и националните каталози во 21 век“. Во работата на Конгресот, кој годинава поради пандемијата од КОВИД-19, се одржува по пат на видео-конференција, учествуваат 35 уставни/врховни…