Архива

Декември 2025 • 77

Архива

Изберете година и месец

Советниците на Уставниот суд учествуваа на обука за стандардизирање на обрасците и образложенијата на одлуките
22/12/2025
Советниците во Уставниот суд кои работат на предмети учествуваа на четиридневна обука посветена на унапредување на Mетодологијата за изработка и образложување на одлуките на Уставниот суд. Посебен акцент беше ставен на  воедначување на практиката и подобрување на квалитетот на правната аргументација.  Во рамки на обуката беа реализирани две тематски сесии. Првата сесија беше насочена кон […]
Соопштенија
Средба на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски со претседателот на ТИКА, Абдулах Ерен
20/12/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со делегација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), предводена од претседателот Абдулах Ерен. На средбата, претседателот Костадиновски, упати благодарност за континуираната поддршка што ТИКА ја обезбедува за Судот, при што посебно ја истакна донацијата од техничка опрема во функција на дигитализација на Уставниот […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот Костадиновски оствари средба со амбасадорката на НР Кина,  Џијанг Сјаојан
19/12/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со новоназначената амбасадорка на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џианг Сјаојен. На средбата, претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд, како и со улогата и надлежностите на Судот како столб на демократијата и гарант на уставните права […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судии и советници на Уставниот суд одржаа консултации за јавно говорење и институционална комуникација
18/12/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, заедно со судии и советници на Уставниот суд на Република Северна Македонија одржаа консултации посветени на јавното говорење, институционалната комуникација и односите со јавноста, со цел унапредување на јавниот настап и зајакнување на довербата на граѓаните во Судот. Во рамки на консултациите, преку тематски дијалози и интерактивни сесии, […]
Соопштенија