Архива

Мај 2025 • 46

Архива

Изберете година и месец

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки
08/05/2025
Со одржувањето на работилница на темата “Уставна контрола на уставните измени”  завршија работните сесии на темите од 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт,  по што се одржа Генералното собрание на ACCF.  На Генералното собрание, новото претседателство на Уставниот суд на Романија ја презентираше Програмата за следните три години (2025-2028). Темата […]
Соопштенија
Претседателот Костадиновски продолжува со работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт
07/05/2025
Во тек е Генералното собрание на членовите на Асоцијацијата на Франкофонските уставни судови во Букурешт, на којшто учествува и претседателот д-р Дарко Костадиновски.  Ќе бидат донесени одлуки на повеќе теми меѓу кои: предлог за измени на Статутот и Деловникот за работа на ACCF, презентација на водичот „Етички принципи на уставниот судија“ предложен од ACCF,  гласање […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Говор на претседателот на Уставниот суд на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата
06/05/2025
Конституционална рамка на толкување на Уставот  Живиот конституционализам Дебатите околу живиот конституционализам и оригинализмот се важни за современото разбирање на правото и уставното судство во многу земји, иако нивното извориште е во САД. Истите недвосмислено продуцираат многу контроверзии, но аргументите на едните или другите се исклучително корисни за  судиите, кои често се приклонуваат кон едно […]
Соопштенија
Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна
06/05/2025
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт Романија, каде што попладнево имаше свое обраќање.  Костадиновски се обрати на Првата работната сесија со фокус на темата: Конституционална рамка на толкување на Уставот. Во неговиот говор го стави акцентот на „живиот конституционализам” и интерпретацијата […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Во тек е 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови(АCCF) во Букурешт на кој присуствува претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски
06/05/2025
Во тек е 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови(АCCF) во Букурешт, на кој присуствува Делегација на Уставниот суд. Претседателот д-р Дарко Костадиновски, ќе се обрати на Првата работилница со говор на темата „Живиот конституционализам”. На Когресот ќе се обратат и претседателот на Владата на Романија, претседателот на Уставниот суд на Романија, претседателите на […]
Соопштенија
Средба Костадиновски-Чевик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд
05/05/2025
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Махмут Чевик, претседател на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). На средбата која се организираше по повод размена на информации околу фазите на спроведување на дигитализацијата на Судот, учествуваа и судијата м-р Фатмир Скендер и шефот на кабинетот , д-р Екрем Халимовски. Беше […]
Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски говорник на 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови во Букурешт
04/05/2025
Претседателот д-р Дарко Костадиновски ќе го претставува Уставниот суд на 10. Конгрес на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови(АCCF), кој оваа година ќе се одржи од 6-8 мај во Букурешт, Романија.  Претседателот Костадиновски ќе има свое обраќање на темата „Конституционална рамка на толкување на Уставот- Живиот конституционализам”.  Во рамки на Когресот е предвидено присуството на претседателот […]
Соопштенија
(ВИДЕО) Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски гостуваше во интервју за ТВ магазинот „Трилинг”
02/05/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски во интервју на ТВ магазинот „Трилинг” емитувано на 2 мај 2025 година, изјави дека Подготвителната седница за Законот за јазиците е закажана за 19 јуни 2025 година.  Претседателот на Уставниот суд објасни дека поради трагедијата во Кочани, Судот еднаш ја одложи подготвителната седница, а неговите проценки се дека после […]
Соопштенија