Архива

Мај 2025 • 46

Архива

Изберете година и месец

Не се поведува постапка за оценување на Листата на стоматолошки услуги
28/05/2025
Не се поведува постапка за оценување на Листата   на    стоматолошки услуги со  минимални (референтни) цени донесена од Извршниот одбор на Стоматолошката комора на Македонија од 24.04.2024 година.  За Уставниот суд се неприфатливи наводите дека оспорениот акт ја нарушува слободата на пазарот со поставување на минимални цени и ограничување на рекламирањето врз основа на […]
Соопштенија
Не се поведува постапка за оценување на Одлука за ДУП во Општина Ѓорче Петров
28/05/2025
Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, Скопје од 17.02.2024 година.  Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста и […]
Соопштенија
У.бр.250/2024
28/05/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/2021) и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023) и…
Граѓани, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
Советниците на Уставниот суд на обука за „Заштита и ограничувања на човековите права” организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје
23/05/2025
Советниците од Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на обука на тема „Заштита и ограничувања на правата во Северна Македонија согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права“, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Обуката која ја водеа Симона Јорданова и Светлана Црвенковска, национални офицерки за владеење на правото при Мисијата на […]
Соопштенија
Делегација на уставните судови на Република Северна Македонија и Република Хрватска на средба со претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова
22/05/2025
Делегација предводена од претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судии од Уставниот суд на Република Хрватска остварија средба со Претседателката проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Судиите од двата суда ја информираа Претседателката Сиљановска-Давкова дека по дваесетина години ја обновуваат соработката и ќе организираат заеднички средби и настани во наредниот период кои се во насока […]
Соопштенија