Архива

Февруари 2025 • 69

Архива

Изберете година и месец

У.бр.100/2024
26/02/2025
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта и за начинот на водење на евиденција за издадените лични карти и СЕ ОТФРЛА иницијативата во…
Други прописи и колективни договори, Здруженија на граѓани, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
Претседателот на Уставниот суд, д-р Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ 
24/02/2025
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.  На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.  Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Судијата на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева говорник на Меѓународна конференција во Хрватска
21/02/2025
Судијата на Уставниот суд, д-р Ана Павловска-Данева учествуваше на Меѓународна конференција во Опатија, Хрватска, кадешто имаше свое обраќање на темата „Примена на Европските принципи во реорганизацијата на државната администрација во Република Северна Македонија. ” На Конференцијата во текот на првите две сесии беа презентирани практични примери од повеќе држави, и од земјите-членки на ЕУ, но […]
Соопштенија
Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав
19/02/2025
На денешната седница Уставниот суд не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови.  Согласно спротивставените размислувања на судиите, кои беа изнесени и во текот […]
Соопштенија
(ВИДЕО) Поведена постапка за оценување на одредби од Деловникот на Советот на јавни обвинители кои се однесуваат на оценување на стажот на членовите при унапредување во обвинителствата
19/02/2025
Судијата проф. д-р Осман Кадриу во изјава за медиумите ги образложи аргументите за поведување на постапка во која ќе се оценува уставноста и законитоста на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија. https://www.facebook.com/share/p/18cF1f9nQb *Видеото е преземено од МИА
Соопштенија
У.бр.195/2023
19/02/2025
СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 2 од Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла