[archive_title]

Јуни 2024 • 30 одлуки

Архива

Изберете година и месец

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски во МВР пријави закани по животот и безбедноста врз уставни судии
24/06/2024
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд. Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани […]
Соопштенија
Уставниот суд поведе постапка за два члена од законските измени на Законот за облигациони односи
20/06/2024
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи.  Изгласано е времено запирање од извршување на оспорените одредби (т.н „времена мерка”). Во оваа фаза Судот изрази сомнеж дека оспорените членови се во спротивност со повеќе уставни одредби меѓу кои и владеењето […]
Соопштенија
У.бр.131/2024 и У.бр.143/2024
20/06/2024
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и СЕ ОТФРЛААТ иницијативите во делот во кој се бара оценување на согласноста на оспорените закони со член 2 став 2 од…
Други субјекти, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
У.бр.31/2024
20/06/2024
СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гостивар и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гостивар
Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се запира постапката, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.45/2024
20/06/2024
СЕ УКИНУВА член 24 став 1 алинеја 4, насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 109, 110, 111 и 112 содржани во глава VIII „Постапка за усвојување на акти“ од Деловникот на Советот на Општина Боговиње и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа…
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.69/2023 и У.бр.70/2023
20/06/2024
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 2 алинеја 6 од Правилникот за постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни договори и нивните измени и НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста за целината на Правилникот,…
Граѓани, Други прописи и колективни договори, Здруженија на граѓани, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка