Архива

Јули 2023 • 44

Архива

Изберете година и месец

У.бр.146/2021
12/07/2023
СЕ УВАЖУВА барањето на Влатко Стојановски, новинар од Скопје. СЕ УТВРДУВА повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата на барателот Влатко Стојановски, сторена со Пресудата МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година од Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-2666/21 од 30.09.2021 година на Апелациониот суд Скопје.
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се утврдува, Универзални документи за човекови права
У.бр.81/2022
12/07/2023
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт З 05, бр.27-8039/1 од 23 август 2021 година, донесена од Советот на Град Скопје и СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на актот
Времена мерка, Граѓани, Други прописи и колективни договори, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се поведува постапка
По сопствена иницијатива Уставниот суд поведе постапка за одредби од Статутот на Општина Кисела Вода
05/07/2023
По сопствена иницијатива, на предлог на претседателката Добрила Кацарска Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за 3 одредби од Статутот на Општина Кисела Вода. Судот изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Автентичното толкување на општи и посебни одредби на донесени урбанистички планови и урбанистичко планска документација донесено од Советот на Општина Кисела Вода […]
Соопштенија
Поведена постапка и донесено решение за запирање на извршувањето на Упатството во кое е опфатено водењето на матичните книги
05/07/2023
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста за Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, […]
Соопштенија