Архива

Мај 2023 • 48

Архива

Изберете година и месец

У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020
23/05/2023
НЕ СЕ ПОВЕДУВА ПОСТАПКА за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство во целина и посебно оспорените член 4 став 2 и член 29 ставови 2 и 3 од Законот и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на: Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство; член 110 ставови 1, 2 и 3 и член…
Граѓани, Закони, Здруженија на граѓани, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
Уставните судии се сретнаа со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања
19/05/2023
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска заедно со сите судии остварија средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот Парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот Парламент.  На средбата се дискутираше за актуелните предизвици, како што е неизбирањето на уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд […]
Меѓународни активности, Соопштенија
У.бр.117/2019
16/05/2023
СЕ УВАЖУВА барањето на лицето Фатмир Мемедов од Скопје, застапуван од Кети Јандријеска Јованова, адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓанинот по основ на национална припадност и СЕ УТВРДУВА повреда на правото на забрана…
Барања за заштита на слободи и права, Граѓани, Одлуки, Се утврдува
У.бр.53/2023
16/05/2023
СЕ ОТФРЛА предлогот за решавање судир на надлежност меѓу Општина Куманово, поднесен од Градоначалникот на Општина Куманово и Министерството за труд и социјална политика во делот за донесување одлука Управниот одбор да објави јавен оглас за избор на директор во Јавната општинска установа – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово.
Органи на единиците на локална самоуправа, Решавање судир на надлежности, Решенија, Се отфрла