Архива

Јули 2022 • 14

Архива

Изберете година и месец

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија
15/07/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. Во оваа прилика претседателката Кацарска се заблагодари на интересот за работата на Уставниот суд и ги сподели информациите поврзани со надлежностите на Судот, долгогодишната традиција на уставното судство во Северна Македонија […]
Соопштенија
Посета на ученици во Уставниот суд во рамки на летна школа за правници „Копру-Скопје”
14/07/2022
Ученици организирани преку невладината организација „Копру- Скопје” присуствуваа на јавната седница која се одржа на 13.07.2022 во Уставниот суд. Во рамки на летната школа за правници учениците имаа можност непосредно да ја следат дискусијата за предметите кои беа закажани на дневен ред и да слушнат како уставните судии аргументираат ценејќи уставност и законитост на иницијативите. […]
Соопштенија
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити
13/07/2022
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска во просториите на судот оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.  Темите на разговор беа административно-финансиската независност на Уставниот суд и прашањата кои се поврзани со техничките услови во коишто работи Судот. Претседателката Кацарска истакна дека вработените во службата не може да бидат […]
Соопштенија
У.бр.19/2022 и У.бр.39/2022
13/07/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Репуб­лика Северна Македонија“ број 151/2021) и СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 2 ставови 1 и 2 од Законот
Граѓани, Закони, Не се поведува постапка, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се отфрла
У.бр148/2021 и У.бр.15/2022
13/07/2022
СЕ УКИНУВА член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија
Закони, Здруженија на граѓани, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува