-
По кој член и по кој закон не постои застареност во извршната постапка?Каков третман има налогот за извршување/дали е тоа одлука на друг надлежен орган или е друго? Барање од надлежниот орган да зевземе став дали извршителот во текот на постапката после издадениот налог за извршување смее да го смени средството за извршување врз должникот.
-
Прашање: Дали сеуште е во сила Одлуката Су.бр.548/1992 од 31.12.1992 година донесена од Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, а која одлука е објавена на страна 9 и 10 во „Службен весник на Република Македонија“ број 1/1993 од 19.01.1993 година од причина што од увидот на интернет страницата https://idbis.pravda.gov.mk/PregledNaZakon.aspx?id=3149, истата стои како сеуште важечка.
-
До каде е постапката за поднесената иницијатива на 26.02.2025 година за поведување постапка за оценување уставноста на член 57-г став 2 од Законот за девизно работење и за поднесената иницијатива на 06.03.2025 година за поведување постапка за оценување уставноста на член 9 став 1 во делот „единките корисници“, член 9 став 2 во делот „критериуми“ од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2024) и уставноста и законитоста на член 4 од Уредбата за утврдување на поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината на остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетски корисници, единските корисници и фондовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.44/2025).
-
На кој датум од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, е примена иницијативата за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на Правилникот за начинот на уништување на документи и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2013), по повод која иницијатива во судот бил оформен предмет под УЗ.бр.25/2025.
-
Кој е судија-известител за предметот УЗ.бр.28/2025 и предметот кога ќе биде ставен на дневен ред за одлучување?
-
Подносителот побара да му се достават фотокопии од иницијативи врз основа на кои се оформени предметите У.бр.183/2023, У.бр.64/2021, У.бр.298/2020, У.бр.165/2019 и У.бр.52/2014
-
Дали е поднесена иницијатива за оценување на уставноста на автентично толкување на член 7 ставови 2, 3 и 4 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.168/2024 од 14.08.2024 година
-
Подносителот во своето барање наведува дека на ден 15.07.2025 година на интернет страницата на Судот било објавено дека во месец мај 2025 година, по поднесената иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, оформен е предмет У.бр.66/2025 за оценување на уставноста на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Од тие причини, побара да му биде доставена иницијативата по кој е оформен горенаведениот предмет.
-
Дали е поведена иницијатива за оценување на уставноста на автентично толкување од Собранието на Република Северна Македонија на член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 251/2022 и 168/2024),Кој е подносител на иницијативата?Дали е оформен предмет по поднесената иницијатива и во која фаза е постапката пред Уставниот суд?
-
– Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд? – Кои се имињата/презимињата, политичките партии и граѓанските иницијативи што го оспорија овој закон пред Уставниот суд? – Дали уставните судии го чувствуваат притисокот од јавноста и дали тоа ќе влијае на конечната одлука? – Која е причината што овој предмет беше задржан во фиока толку години и зошто токму сега се разгледува?