-

Потпишан Протокол за соработка со Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет
Претседателот на Уставиот суд, д-р Дарко Костадиновски и претседателот на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет, Булос Фатимп Искандар потпишаа Протокол за соработка меѓу двата суда.Со овој протокол се воспоставува рамка за размена на судска практика, искуства и експертиза за унапредување на техниките на судско одлучување и за зајакнување на институционалната соработка меѓу двата…
-
Претседателот д-р Дарко Костадиновски ќе биде говорник на Меѓународна конференција за уставна правда во Арапската Република Египет
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, ќе биде говорник на 9. состанок на високо ниво на претседатели на уставни, врховни судови и уставни совети на Африка. Во фокус на Меѓународна конференција која се одржува на 7 и 8 февруари во Арапската Република Египет се современите предизвици на уставната правда. Судијата…
-
Соопштение по одржаната 3. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска(04.02.2026) ја одржа 3. седница на која дискутираше по десет предмети во кои е оспорена уставноста и законитоста и гласаше по една Нацрт-одлука. 1. Реферат У.бр.232/2024Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 16 , член 13 став 1 и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за…
-
Поведена е постапка од Законот за плати и надоместоци на функционерите во делови кои се однесуваат на уставните судии
На 3. Седница на Уставниот суд која се одржа на 4 февруари 2026 година, Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 14 во делот „претседател на Уставниот суд на Република Македонија и“ и член 15 во делот „судија на Уставниот суд на Република Македонија,“ од Законот за плата и други надоместоци на избрани…
-

Презентирана Функционална анализа за унапредување и управување со процесите на организација на работата во Уставниот суд
Во Уставниот суд се одржа тркалезна маса на тема „Унапредување на функционирањето на Уставниот суд преку подобрена внатрешна организација, управување со Судот и водење на предмети, како и оценување и обука на персоналот“. Во фокус на настанот беше презентацијата на Функционалната анализа и континуираната обука на службата како клучни инструменти за унапредување на ефикасноста, транспарентноста…
-

Судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу на средба со претседателот на ЕСЧП, Матијас Гијомар
Судиите на Уставниот суд проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева остварија средба со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Матијас Гијомар во Стразбур. Во рамки на средбата беа разгледани можностите за идно институционално поврзување, со посебен фокус на развојот, обуката и унапредувањето на професионалните капацитети на служба на Судот, како…
-

Делегација на Уставниот суд учествуваше на Годишното отворање на судската година во Судот во Стразбур
Делегација на Уставниот суд предводена од судиите проф. д-р Осман Кадриу и м-р Татјана Васиќ- Бозаџиева учествуваше на свеченото отвoрање на судиската година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Покрај традиционалното отворање на судската година, се одржа и семинар во чијшто фокус беше темата „Заштита на медиумскиот плурализам и демократскиот процес во предизвикувачки…
-
Уставниот суд оформи 45 нови предмети во месец декември 2025 година
Во текот на месец декември 2025 година се формирани 45 предмети од кои во 36 предмети е оспорена уставноста на акти, 6 предмети во кои е оспорена и уставноста и законитоста и со три барања се бара заштита на слободите и правата на граѓаните. ИНИЦИЈАТИВИ СО КОИ Е ОСПОРЕНА УСТАВНОСТА 1. Убр.170/2025 Оспорен акт: Toчки…
-

Дневен ред за 3. седница закажана за 4. февруари 2026 година во 9:30 часот
На 04 февруари 2026 година со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 3. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира по 9 иницијативи за оценување на уставност и законитост. 1.Реферат У.бр.232/2024 Оспорен акт: Член 13 став 1 и членовите 15 и 16 од Законот за изменување и дополнување…
-
Соопштение по одржаната 2. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска (28.01.2026) ја одржа 2. седница и по дискусијата и гласањето ги донесе следните одлуки и решенија: 1.Реферат У.бр.118/2024Судот не поведе постапка за оценување на член 23 став 2 и став 5 од Законот за општата управна постапка(„Службен весник на Република Македонија1” број 124/2015 и 65/2018). Подносител: Оливер Давидовски 2. Реферат У.бр.203/2024 Судот…
-
Формирани се два предмета за одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци во кои е оспорен т.н. „Безбеден град- Safe city”
Поради поголем јавен интерес и новинарски прашања информираме дека во Уставниот суд се формирани два предмета по поднесени иницијативи во кои се оспорени измени на Законот за прекршоци, во делот кој се однесува на воспоставување и функционирање на електронскиот систем за надзор во сообраќајот, во јавноста познати како проект „Безбеден град-safe city”. 1.У.бр.25/2026 Оспорени одредби:…
-
Уставниот суд ќе го преиспитува член 218 од Законот за извршување поради сомнеж за правна непредвидливост и неизвршување врз државни органи, општини и јавни претпријатија
Поради поголем јавен интерес и новинарски прашања информираме дека Уставниот суд на првата седница одржана на 21 јануари 2026 година поведе постапка за член 218 од Законот за извршување. Во продолжение подетално појаснување на одлученото: Содржина на оспорениот член: Член 218 (1) Врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната…