December 2022
-
Oформени 12 нови предмети во Уставниот суд во периодот од 1 до 30 декември 2022 година
Во периодот од 1 декември заклучно со 30 декември 2022 година оформени се нови дванаесет предмети во Уставниот суд, по претходно поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и барање за заштита на слободи и права и еден предлог за судир на надлежност. Предметите се во фаза на претходна постапка, што значи Уставниот суд…
-
Говор од завршната прес-конференција на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска
Почитувани, граѓани, Оставаме зад нас една година полна со неизвесност и oтежнато функционирање на Уставниот суд во вршењето на неговите надлежности но и година на посветеност, макотрпна работа и домаќинско менаџирање на Судот, како резултат на несебичниот ангажман на судиите и сите вработени. Темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот…
-
Уставниот суд оформи седум нови предмети по иницијативи поднесени во периодот од 24 до 28 ноември 2022 година
Во периодот од 24 до 28 ноември 2022 година оформени се нови предмети во Уставниот суд, по претходно поднесени иницијативи. Предметите се во фаза на претходна постапка, што значи Уставниот суд допрва ќе ја испитува основаноста на нивните наводи, а по оформувањето на реферат со конкретен предлог за осопорените одредби ќе се одлучува на седница.…
-
A delegation of the Constitutional Court took part in a regional conference in Belgrade
Officials of the Constitutional Court of the Republic of North Macedonia attended a regional conference on “Application of the European Convention for Protection of Human Rights – experiences and challenges of the courts in Central and Southeastern Europe”. During the event, the role of the national courts and judges was highlighted, in the course of…
-
Студенти на постдипломски студии по уставно право и политички науки во посета на Уставниот суд
Студенти на постдипломски студии по уставно право и по политички науки од Правниот Факултет „Јустинијан I” во Скопје, го посетија Уставниот суд и се запознаа со начинот на работа и надлежностите на судиите. Присуствуваа на 41. седница којашто се одржа на 20 декември 2022 година и ја следеа дискусијата на тековните предмети по коишто Уставниот…
-
Почина Ѓорги (Гога) Николовски, поранешен претседател на Уставниот суд
По повод смртта на Ѓорѓи (Гога) Николовски, поранешен судија и претседател на Уставниот суд, Судот изразува длабоко сочувство до неговото семејство и блиски пријатели и роднини. Николовски беше претседател на Уставниот суд во периодот од 1979 до 1986 година и остави пример на професионалец кој дал значаен придонес во градењето на традицијата на уставното судство…
-
У.бр.18/2022
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2 точки 1 и 4, член 3, член 7, член 9 ставови 3 и 4, член 11 став 2, член 14 ставови 8 и 9, член 15 став 1 и член 16 од Правилникот за начинот на службено оценување на активниот воен персонал,…
-
Соопштение по одржаната 41. седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ја одржа 41. седница со дневен ред на кој беа закажани осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи: 1. Реферат У.бр.145/2021 Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на членот 10 од Законот за извршување на Буџетот на…
-
Уставниот суд поведе постапка за Одлука на општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје
Уставниот суд денеска ја одржа 41. седница со дневен ред на којшто беа закажани осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за слободи и права. Меѓу предметите за којшто се одлучуваше, а е од интерес на повеќе медиуми е и предметот во којшто е оспорена Одлука на општина Куманово со којашто…