Поднесување на иницијатива


Согласно член 23 од Актот на Уставниот суд на Република Северна Македонија,

(1) Секој може да поднесе иницијатива за оценување на согласноста на законите со Уставот, согласноста на другите прописи и колективните договори со Уставот и законите и согласноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженијата на граѓаните со Уставот.

(2) Иницијативата од став 1 на овој член се поднесува во писмена форма во два примероци или електронски и содржи: означување на законот, прописот или другиот општ акт односно одделни негови одредби што се оспоруваат, причини за нивно оспорување, одредбите од Уставот, односно законот што се повредуваат со тој акт, името и адресата, односно називот и седиштето на подносителот на иницијативата, како и потпис на подносителот, односно потпис од овластениот застапник и печат.

(3) Доколку иницијативата е поднесена во име на друго лице, задолжително се доставува полномошно.

(4) Уставниот суд, може по сопствена иницијатива да одлучи да оформи предмет за оценување уставност на закон, уставност и законитост на пропис или друг општ акт или уставност на програма и статут на политички партии и здруженија на граѓани.

Во прилог се дадени обрасци за тоа што треба да содржи иницијативата.

НАПОМЕНА:

Обрасците се изготвени со цел да помогнат на подносителите при нивното обраќање до Уставниот суд на Република Северна Македонија и истите не се задолжителни.

Доставување на иницијативите по пат на електронска пошта или писмено доставување преку факс до Уставниот суд не се сметат за поднесоци со кои се иницира поведување на постапка пред Судот.