Домашни активности

71 одлуки

Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“
14/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“. Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, […]
Домашни активности, Соопштенија
Присуство на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија
06/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г-дин Сали Мурати на ден 5 ноември 2019 година, присуствуваше на 118-та седница на Собранието на Република Северна Македонија на која г-дин Давид Сасоли, претседател на Европскиот Парламент, се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.      
Домашни активности, Соопштенија
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија остварија средба со Групата на високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од г. Рајнхард Прибе
19/07/2017
На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судството и предлог – мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштита на човековите слободи и права. На крајот на средбата, беше […]
Домашни активности
Средба со Роберт Валтер, известител на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Македонија
02/11/2012
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски денеска (2 ноември 2012 год.) се сретна со г-дин Роберт Валтер, заменик претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и известител на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Македонија. На средбата беа разменети мислења во врска со функционирањето на Уставниот суд, […]
Домашни активности, Соопштенија
Одржана стручна расправа на тема „Уставно судство“.
25/09/2009
На 25 септември 2009 година,во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје во организација на Уставниот суд на Република Македонија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер се одржа стручна расправа на тема „Уставно судство“. Во рамките на стручната расправа беше промовирана Публикацијата „Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на македонски јазик, издадена […]
Домашни активности, Соопштенија
Поставен камен темелникот на новиот објект во кој ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија
24/03/2009
На 23 март 2009 година беа поставени темелите на новата зграда во која ќе биде сместен Уставниот суд на Република Македонија. Премиерот Никола Груевски и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски вчера го поставија камен-темелникот за изградба на објектот, а со свечениот чин што беше проследен со света литургија чиноначалствуваше Архиепископот […]
Домашни активности, Соопштенија
Средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер
15/09/2008
На 12 септември 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски оствари средба со г-ѓа Стефани Рикарда Рос, раководител на Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Цел на посетата беше запознавање со проектот за преведување […]
Домашни активности, Соопштенија