Домашни активности

71

Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок
17/01/2020
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Хасан Мехмет Секизќок, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот, досегашната соработка и можноста за унапредување на истата. Беше изразено обострано задоволство од досегашната […]
Домашни активности, Соопштенија
Работна средба со претседателот на Националното собрание на Република Турција, проф.д-р Мустафа Шентоп
23/12/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и судиите: Елена Гошева, Јован Јосифовски и Насер Ајдари на 21.12.2019 година, остварија средба со делегација на Големото национално собрание на Република Турција предводена од претседателот на Собранието, проф.д-р Мустафа Шентоп, кој по покана на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, беше […]
Домашни активности, Соопштенија
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
16/12/2019
На средбата одржана денес помеѓу претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на функционирањето на Судот како независен и самостоен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста. […]
Домашни активности, Соопштенија
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар
13/12/2019
На ден 16 декември 2019 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Домашни активности, Соопштенија
Учество на Меѓународниот ден на човековите права
12/12/2019
По повод Меѓународниот ден на човековите права, посветен на одбележување на 71-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации, Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на ден 10.12.2019 година учествуваше на дебатата посветена на заштитата на основните слободи и права на човекот […]
Домашни активности, Соопштенија
Работилница на тема: „Законот за Уставниот суд на Сојузна Република Германија: одредби и практика“
06/12/2019
Уставниот суд на Република Северна Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), на 5 декември 2019 година, одржа работилница на тема: „Законот за Уставниот суд на Сојузна Република Германија: одредби и практика“ со акцент на потребата за воведување на уставна жалба во нашиот правен систем, со што се одбележа почетокот на […]
Домашни активности, Соопштенија
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
25/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес оствари средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, се заблагодари за долгогодишната соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и со германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ и во […]
Домашни активности, Соопштенија
Средба на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со министерката за правда, д-р Рената Дескоска
22/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, денес (22 ноември 2019 година), остварија средба со министерката за правда, д-р Рената Дескоска. На средбата, претседателот на Судот, Сали Мурати, ја запозна министерката со прашањата коишто се од значење за остварувањето на уставната позиција на Уставниот суд […]
Домашни активности, Соопштенија
Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Томас Герберих
22/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, на 25 ноември 2019 година (понеделник) ќе одржи средба со Н.Е. г-дин Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија со почеток во 15.00 часот.
Домашни активности, Соопштенија
Учество на семинар на тема „Правото на Енергетската Заедница“
22/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и генералниот секретар на Судот, Александар Лазов, присуствуваа на семинарот на тема „Правото на Енергетската Заедница“ организиран од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Енергетската Заедница, што се одржа денес, 22 ноември 2019 година со почеток во 10.00 часот. Семинарот е наменет […]
Домашни активности, Соопштенија
Соопштение по повод средбата на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, со Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние
18/11/2019
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, денес 18.11.2019 година оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Кристиан Тимоние. На средбата беа разменети мислења и информации, како и беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу уставните судови на двете земји. Во тој контекст претседателот Сали […]
Домашни активности, Соопштенија