Admin

9,575

Архива

Изберете година и месец

Советници од Уставниот суд,  говорници на правната школа во Анкара во која учествуваат претставници од 28 земји
04/10/2024
Советниците на Уставниот суд, Мајлинда Исмаили и Енсар Јусуф се учесници на 12. издание на Летната школа во Република Туркије на покана од Центарот за обука и развој на човечки ресурси на Здружението на Азиски уставни судови и еквивалентни институции (AACC-CTHRD).  Во фокусот на годинашното издание е користењето на информатичките технологии и вештачката интелигенција во […]
Меѓународни активности, Соопштенија
– Кои членови од Законот за употреба на јазиците се оспоруваат, односно ќе бидат разгледани од страна на Уставниот суд? – Кои се имињата/презимињата, политичките партии и граѓанските иницијативи што го оспорија овој закон пред Уставниот суд? – Дали уставните судии го чувствуваат притисокот од јавноста и дали тоа ќе влијае на конечната одлука? – Која е причината што овој предмет беше задржан во фиока толку години и зошто токму сега се разгледува?
03/10/2024
Информации од јавен карактер
Одржан брифинг за укинувањето на законските измени на Законот за облигации и Законот за електронски комуникации
27/09/2024
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, заедно со судијките Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева одржаа брифинг за новинарите за два предмета кои се од интерес на јавноста. Oдговорија на сите прашања на новинарите поврзани со предметите за законските измени и дополнувања на Законот за облигациони односи и Законот за електронските комуникации. Судијата проф. д-р Ана […]
Соопштенија
Поведена постапка за три члена од Законот за електронски комуникации кои опфаќаат задржување на „мета податоци” кај операторите
27/09/2024
1. Уставниот суд на 25. седница одржана на 25 септември 2025 година одлучи да поведе постапка за членовите 176, 177 и 178 од Законот за електронските комуникации со кои е регулирано задржувањето на „мета податоците“ на граѓаните прибрани преку водење на електронска комуникација. 2. Судот оцени дека оспорените одредби од членовите 176, 177 и 178 […]
Соопштенија
Уставниот суд го укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигацините односи.
26/09/2024
На 25. седница која се одржа на 25 септември Уставниот суд го укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигацините односи. Одредбите кои Уставниот суд ги укина не се во согласност со темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија утврдени со член 8 став 1 […]
Соопштенија